Спорт
Лацио се врати на четвртото место

Во содржаен меч од 28-то коло на италијанското првенство, Лацио со 2:0 на „Олимпико“ го совлада Палермо со што се врати на четвртото место на табелата
И покрај отворената и добра игра на фудбалерите на Палермо, нивниот нов тренер Серсе Косми се’ уште ќе биде под притисокот од дебитантскиот дебакл во минатото коло на својот терен против Удинезе и катастрофата од 0:7. Конечниот резултат беше постигнат уште во 18. минута, кога Џузепе Скули по вторпат (претходно во 7. минута) г совлада Салваторе Синга. И двата погодоци во мрежата на Палермо паднаа по контра-напади, од кои вториот се чини од офсајд ситуација и со задоцнетото истрчување на голманот Сенга на високата топка упатена кон Скули. Инаку гостите не играа подредена улога на „Олимпико“ но им недостигаше и спортска среќа, а одбранат на „бјанкочелеститет“ енергично ги отстрануваше опасностите пред својот гол. Лацио сега е четврти со 51 бод, два зад третиот Наполи. Палермо, пак, кој го доживеа четвртиот пораз во серија се’ уште е во горниот дел од табелата – на 8-то место со 40 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ, Дончиќ, Богдановиќ, Вучевиќ – Балканска доминација во НБА лигата

Играчите од прсоторите на поранешна Југославија блескаа изминатата ноќ во НБА лигата. Никола Јокиќ, Бојан Богдановиќ и Лука Дончиќ ја минаа границата од 30 поени, додека на Никола Вучевиќ му недостигаше еден поен за да дојде до оваа бројка. Јокиќ и Дончиќ беа на асистенција до трипл-дабл учинок.
Далас Маверикс славеа во дуелот со Орландо Меџик 130:124. Дончиќ го предводеше Далас со 33 поени, 10 скока и девет асистенции, Кристапс Прозингис забележа дабл-дабл од 17 поени и 10 скока, а Џејлен Браун уфрли 24 поени.
Вучевиќ во редовите на Орландо блескаше со 29 поени, 15 скокови и осум асистенции, Евен Фурније реализираше 26 поени.
Њу Орлеанс Пеликанс забележаа победа во дуелот со најдобриот тим во НБА, Јута Џез. Пеликанс славеа со 129:124. До победата ги предводеа Брендон Инграм и Зајон Вилијамсон со по 26 поени. Најдобар кај Јута беше Бојан Богдановиќ со 31 поен. За Јута ова беше осмиот пораз во сезоната.
Денвер Нагетс, во Чикаго ги победија Булси со 118:112. Јокиќ го предводеше Денвер со 39 поени, 14 скокови и девет асистенции. Српскиот центар помош доби од Џамал Мареј (24 поени) и Мајкл Портер (17 поени, 15 скокови).
Спорт
Винисиус ги спаси „кралевите“ од домашен пораз од Сосиедад

Наместо со победа да се доближат на само три поени до градските ривали Атлетико Мадрид пред големото дерби во недела, Реал Мадрид се намачи да стигне до 1:1 домашно реми со Реал Сосиедад во меч кој може да има многу големо значење во борбата за шпанската титула.
Тимот на Зинедин Зидан влезе во дуелот со баскискиот клуб со низа од четири победи, кои иако не беа многу убедливи, ги држеа во трка со Атлетико, заедно со Барселона веднаш пред нив. Со загубените поени, притисокот на тимот за победа во дербито на „Ванда Метрополитано“ ќе биде огромно за Зидан и Реал.
Порту во 55. минута ги донесе гостите во водство, а нападот на „кралевите“ не функционираше се до 89. минута, кога Жуниор Винисиус, кој влезе како замена не постигна гол, негов прв по 25 меча за Реал.
Реал сега се на третото место на табелата со 53 поени, зад Барселона со ист број на поени, но подобра гол разлика, и Атлетико на 58, и тоа со натпревар помалку. Сосиедад се петти со 42 поени.
Predestinado.
Vinícius Júnior marca em seu 100° jogo com a camisa do Real Madrid! pic.twitter.com/xUWqfXq1lp
— Flaxias 🌐🌐 Informativo (@flaxiascaxias) March 1, 2021
Спорт
Федерер не игра во Мајами, загуби 1.000 АТП поени

Четирикратниот шампион од Мастерсот во Мајами, Роџер Федерер нема да ја брани титулата од 24 март, што значи дека ќе загуби 1.000 АТП поени, но останува на добар пат да го направи долгоочекуваниот камбек на тениските турнири во Доха.
Швајцарскиот освојувач на 20 гренд слем титули нема играно од Австралија опен минатата година, по две операции на коленото во февруари и мај, за најдолга пауза во неговата кариера. Тој се врати на тренинзи во октомври.
Останува неизвесно дали ќе игра во Дубаи неделата пред Доха, но планот е да го прескокне остатокот од американската пролетна сезона. Федерер во моментов е петти на АТП листата со 6.630 поени, зад Новак Ѓоковиќ (12.030), Рафаел Надал (9.850), Данил Медведев (9.735) и Доминик Тим (9.125)
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер