Контакт

Спорт

Леброн промаши за победата на Булси во Мајами

Објавено пред

Леброн Џејмс во последниот напад на својот тим, при 86:87 се одлучи тој да бие кон кошот, иако Двејн Вејд беше во подобра позиција и прoмаши

Ова му се случуваше и во некои претходни натпревари, па сега после мечот се извинуваше на сите. Чикаго Булс победи во „Америкен Ерлајнс Арената“ во Мајами, а најефикасниот во составот на „жешките“, Леброн Џејмс дури и даде збор дека повеќе нема да биде тој што ќе се решава да упати шут кој што го одлучува мечот.Дерик Роуз постигна 27 поени со 5 асистенции за гостите, а Карлос Бузер оствари дабл-дабл со 12 поени и10 скокови.Во поразената екипа на Мајами, Леброн Џејмс оствари 26 поени, 8 скока и 6 асистенции, Крис Бош 20 поени и 5 скока, а Двејн Вејд 20 поени и 5 асистенции.Во другите резултати од мечевите кои се играа вечерта во недела кон понеделник беа постигнати следните резултати: Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 83:99 (Гери Нил 15 п. 7 ск. / Коби Брајант 26 п. 7 ск. 5 ас.); Детроит – Сан Антонио 113:102 (Тајшаун Принс 10 п. 6 ас. / Џон Вол 24 п. 5 ск. 7 ас.); Филаделфија – Голден Стејт 125:117 (Андре Игуадала 15 п. 11 ск. 10 ас. / Дејвид Ли 14 п. 14 ск.); Атланта – Њујорк 79:92 (Џош Смит 17 п. 11 ск. / Амар Стадемаер 26 п. 7 ск.); Кливленд – Њу Орлеанс 81:96 (Џеј Џеј Хиксон 15 п. 10 ск. / Дејвид Вест 23 п. 7 ск.); Оклахома – Феникс 122:118 (Расел Вестбрук 32 п. 11 ас. / Винс Картер 29 п.); Далас – Мемфис 103:104 (Џејсон Тери 23 п. / Зек Рендолф 27 п. 9 ск.) и Милвоки – Бостон 83:89 (Брендон Џенингс 23 п. 6 ск. 5 ас. / Пол Пирс 23 п. 5 ск.).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Хетафе ја прегази Валенсија – Спектакуларен гол на Арамбари

Објавено пред

Хетафе го доби дуелот со Валенсија (3:0) и стави крај на серијата од пет порази. Двата тима по 25 кола имаат по 27 бода и се наоѓаат во долниот дел на табелата, блиску до опасната зона.

Натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, го обележа спектакуларниот гол на Арамбари. Играчот на Хетафе со удар од 30 метри го совлада Силесен.



Првите десет минути од вториот дел беа вистински кошмар за Валенсија. Дијакаби доби директен црвен картон во 51.минута, а три минути подоца Мата го постигна вториот гол.

Конечниот резултат го постигна играчот на Барселона, кој е позајмен во Гетафе, Карлес Алења во 87.минута.

Прикажи повеќе...

Спорт

Само бод за Јувентус во Верона

Објавено пред

Јувентус и во вториот натпревар оваа сезона не успа да ја победи Верона. Вечерашниот дуел на „Бентегоди“, заврши со резултат 1:1. Јувентус ова дополнително го оддалечи од борбата за титулата. „Старата дама“, има седум поени помалку од лидерот Интер.

Верона и Јувентус, на „Бентегоди“, одиграа квалитетен натпревар, а головите беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел Верона се закани преку Фараони, чии удар заврши во дирекот, а најдобрата шанса за Јувентус ја имаше Рамзи.

На стартот од вториот дел, во 49.минута, Киеза му асистираше на Роналдо, кој го постигна својот 19 гол оваа сезона. Израмнувањето дојде во 77.минута, кога Верона го искористи периодот во кој играше добро. На центаршутот од Лазовиќ одлично реагираше Барак кој го постави конечниот резултат.

Прикажи повеќе...

Спорт

Педри во аут најмалку три недели

Објавено пред

Барселона скапо ја плати победата над Севилја (2:0), во дербито на колото, во Ла Лига. Роналд Куман одреден период остана без младиот Педри.

Играчот од редот за врска, кој сезонава ги одигра сите натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, се повреди во 71.минута и веднаш го напушти теренот.

„Педри се здоби со повреда на мускулот во долниот дел на левата нога“, се огласи Барселона со кусо соопштение.

Локалната телевизија „ТВ3“, извести дека Педри по мечот се движел со помош на патерици.

Се шпекулира дека Куман нема да може да смета на Педри најмалку три недели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија8 часа

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија9 часа

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа10 часа

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија13 часа

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија14 часа

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија15 часа

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија15 часа

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет16 часа

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија17 часа

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Македонија17 часа

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините

На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, Филипче најави дека ќе доцнат и кинеските, одговорност мора да...

Регион1 ден

Брнабиќ: Луѓето се опуштија и мислат дека е готово, апелираме до сите да станат сериозни

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, посочи дека луѓето се опуштиле и дека тоа може да се забележи според бројот на...

Европа1 ден

Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти...

Македонија1 ден

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци. Од МВР исто така информираат дека се приведени осум...

Македонија1 ден

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања, а прашањето за Гоце Делчев не било ниту...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Македонија2 дена

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен...

Македонија2 дена

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија2 дена

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија2 дена

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Досие