Спорт
Отказ за Ди Карло од Сампдорија

По поразот од Чезена на домашен терен од 2:3, управата на Сампдорија одлучи да му даде отказ на тренерот Доменико Ди Карло.
По поразот од Чезена на домашен терен од 2:3, управата на Сампдорија одлучи да му даде отказ на тренерот Доменико Ди Карло.Во последните девет мечеви Сампдорија претрпе шест порази и со 31 бод е на 14 место, само со три бодови повеќе од екипите што се најсериозни кандидати за испаѓање од италијанската Серија А.Минатата година Сампдорија беше четврта и играше квалификации за Лигата на шампионите. Но, сега и претстои борба за опстанок. На местото на Ди карло најверојатно ќе биде именуван Алберто Кавасин./крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рубљов со четврта последователна АТП 500 титула, прв ВТА трофеј за Таусон

Русинот Андреј Рубљов стигна до својата осма титула во кариерата, и неверојатна четврта АТП 500 титула во низа, откако со 7:6(4)/6:4 го совлада Унгарецот Мартен Фучович во финалето на Ротердам опен.
Со ова продолжува фантастичната 2021 година за Рубљов, кој претходно победи на АТП Купот со своите сонародници и стигна до четврт-финалето на Австралија опен. 23-годишниот Рубљов е трет Русин кој освоил најмалку четири АТП 500 титули по Евгениј Кафелников (1999) и Михаил Јужни (2007).
2️⃣0️⃣ ATP 500 wins (& counting…) 🔥
🎥: @TennisTV | @abnamrowtt pic.twitter.com/cJSk9Z1sD3
— ATP Tour (@atptour) March 7, 2021
Во Лион пак, 18-годишната Данка Клара Таусон со 6:4/6:1 ја збриша Швајцарката Викторија Голубиќ за да ја освои својата прва ВТА титула во кареирата. Таусон е само 139. на ВТА листата и од понеделник првпат во кариерата ќе биде меѓу топ 100 тенисерките.
1️⃣8️⃣ years of age
0️⃣ sets dropped all week
🏆 First WTA title
💯 Breaks into the top 100A memorable day in Lyon for Clara Tauson 🇩🇰#Open6emeSensML pic.twitter.com/MNvBoBTtQD
— wta (@WTA) March 7, 2021
Спорт
Круниќ со совршен деби-гол, Милан со победа во Верона

Раде Круниќ постигна фантастичен гол од слободен удар за да помогне Милан да дојде до 0:2 победа на незгодното гостување кај Верона и да го заддржи притисокот на лидерот Интер пред нивното дерби со Аталанта во понеделник.
Круниќ во 27. минута беше апсолутно совршен од слободен удар за водство на „росонерите“, кое го удвои Диого Далот во 50. минута од мечот. Сега, Милан има 56 поени, три зад Интер и четири пред Јувентус, иако Интер и Јуве имаат натпревар помалку. Верона е осма со 38 поени.
Во дуел на два тима кои се наоѓаат во зоната за испаѓање, последнопласираниот Кротоне со двата гола на Сими стигна до 4:2 победа над Торино, додека Фиорентина и Парма одиграа драматично 3:3 реми на „Артемио Франки“.
СЕРИЈА А, 26.КОЛО
Верона – Милан 0:2
Фиорентина – Парма 2:3
Кротоне – Торино 4:2
What a free-kick goal from Rade Krunić!
First goal for Milan and it’s an absolute stunner. 🔥 pic.twitter.com/DiqV4jM0D8
— BH live 🇧🇦 (@BHlive_official) March 7, 2021
Спорт
„Дупка“ на „Енфилд“ – и Фулам се нагости со шампионот

Домашниот „кошмар“ на Ливерпул никако да заврши. По низата од 68 меча без пораз на „Енфилд“ во две сезони во кои ја освоија прво Лигата на шампионите, а потоа толку посакуваната круна од Премиер лигата, „црвените“ сега имаат шест порази во низа на својот фудбалски храм, откако Фулам, клубот кој грчевито се бори за опстанок се нагости со 0:1 победа.
Откако двата тима имаа малку шанси во првото полувреме, во самиот финиш, во 45. минута, Марио Лемина го „фати“ Мохамед Салах на „спиење“, му ја украде топката и успеа со убав удар да го совлада Алисон Бекер.
Во второто полувреме, „црвените“ на Јирген Клоп тргнаа по израмнувачки гол, со пресинг, но не успеаја да ги совладаат цврстите Фулам.
Со поразот, Ливерпул остануваат на седмото место во Премиер лигата со 43 поени, четири зад Челси на четвртото место на табелата. Фулам уште се во зоната за испаѓање со 26 поени, ист број на поени како 17-пласираниот Брајтон и само бод помалку од Њукасл на 16-тото место.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“