Спорт
Шахтјор вечерва ја пишува историјата на клубот

Дојде моментот што навивачите на Шахтјор го чекале од основањето на клубот.
Украинскиот тим никогаш досега не се пласирал во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а вечерва е на прагот да влезе меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Дојде моментот што навивачите на Шахтјор го чекале од основањето на клубот. Украинскиот тим никогаш досега не се пласирал во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а вечерва е на прагот да влезе меѓу осумте најдобри екипи во Европа.Резултатот од 3:2 за Шахтјор на гостувањето во Рим влева надеж дека успехот е реално да се постигне. Не треба да се заборави дека Рома е екипа која што знае на гости да направи неочекуван резултат и да го надомести загубеното дома. Работата не е завршена, но Мирчеа Луческу тренерот на Шахтјор кој што изгради офанзивен стил на игра сигурно нема да игра на сочувување на предноста, туку офанзивно. Ќе паѓаат голови во Донецк, а чија мрежа повеќе пати ќе се затресе ќе се знае по мечот.Во вториот вечерашен натпревар Барселона го пречекува Арсенал. Гостите имаат предност од 2:1, но и настапуваат без Ван Перси и Волкот, па се очекува неизвесен дуел. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси и Јунајтед одиграа реми без голови првпат од 2007 година!

Во разочарувачки меч, со малку шанси, но многу ВАР контроверзи (видете линкот подолу), дербито меѓу Челси и Манчестер јунајтед заврши 0:0, првпат од 2007 година, резултат кој ги остава Манчестер сити 12 поени пред Јунајтед на врвот на табелата и минимално ги доближува Челси до топ 4 пласман.
Неочекувано, најголема ѕвезда на мечот беше судијата Стјуарт Атвел со неговата одлука да не досуди пенал за Јунајтед во првото полувреме по играњето со рака на Калам Хадсон-Одои, и покрај тоа што ВАР му го сугерираше тоа, но разочарувачки е што меч на така големи англиски клубови завршува со малку удари на голот и без вистинска возбуда.
Челси имаа повеќе од топката, но не како на претходните мечеви под водство на Томас Тухел, а Јунајтед неколкуте изгледни шанси сами ги пропуштија. Резултатот фер, гледачите разочарани.
ВАР контроверзи на Челси-Јунајтед, Тухел му се „дереше“ на Солскјер
Спорт
Јохан Блејк: Не одам на Олимпијада ако морам да се вакцинирам

Јохан Блејк, еден од најдобрите јамајчански спринтери и освојувач на четири олимписки медали, вели дека ќе ја пропушти Олимпијадата во Токио ако мора да се вакцинира против КОВИД-19.
Поранешниот светски шампион на 100 метри, кој беше најавуван како наследник на Јусеин Болт, вели дека има свои причини за ваквиот став.
„Мојот ум уште стои на тоа, не ја сакам вакцината. Повеќе би сакал да ја пропуштам Олимпијадата отколку да се вакцинирам. Среќен сум вака. Не сакам да објаснувам зошто е така, но имам мои причини“, вели 31-годишниот Блејк.
Блејк освои сребро на 100 и 200 метри на ОИ во Лондон во 2012 зад сонародникот Јусаин Болт, и беше дел од штафетата 4х100 метри кој освои злато на таа Олимпијада и во Рио четири години подоцна.
Спорт
Почина поранешниот менаџер на Вест хем, Глен Редер

Глен Редер, поранешниот менаџер на Вест хем и Њукасл, почина на 65 години по долга борба со тумор на мозокот, објавија англиските медиуми.
Редер беше фудбалер на Лејтон ориент, Квинс парк ренџерс и Њукасл пред да се повлече од фудбалот во 1993 година, по што беше менаџер на Гилингам, Вотфорд, Норич, а беше и помошник на Глен Ходл кога тој беше селектор на англискта репрезентација.
Roeder played for Leyton Orient, Queens Park Rangers and Newcastle among other clubs before hanging up his boots in 1993. He went on to manage Gillingham, Watford and also had a stint at Norwich City. He also served as a coach under Glenn Hoddle for the England national team.
„Фудбалот денеска загуби културен дефанзивец како фудбалер, кој секогаш беше џентлмен и како фудбалер и како тренер. Не беше човек кој бараше насловни страници, но неговата работа секогаш беше совршена“, објавија од Асоцијацијата на фудбалски менаџери (ЛМА).
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран