Спорт
Манју подобар од Арсенал во ФА Купот
Фудбалерите на Манчестер јунајтед се пласираа во полуфиналето од ФА Купот совладувајќи го големиот ривал на својот „Олд Трафорд“ со 2:0
Иако според резултатот не се добива таков впечаток, најдобар играч на теренот беше домашниот голман Едвин ван дер Саар кој со одлични интервенции ги спречи повеќето обиди на напаѓачите на Арсенал да ја сместат топката зад неговиот грб. Една од причините за тоа беше што менаџерот на „црвените ѓаволи“ сер Алекс Фергусон изведе на теренот екипа во која имаше дури седум класични дефанзивци а во нападот беа само Гибсон, Хернандес и Вејн Руни.Наспроти Фергусон, Арсен Венгер кој не можеше да смета на капитенот Сеск Фабрегас, на теренот од првата минута ги воведе досега Робин Ван Перси, Гибс, Андреј Аршавин и Денилсон, кои не играа во реваншот и поразот во Барселона во средата. Сепак и тоа не ги спаси „топчиите“ за четири дена да бидат елиминирани од двете големи натпреварувања – од осминафиналето на Лигата на шампионите ( 2:1 и 1:3 во двомечот со Барселона) и во саботата од ФА Купот од Манчестер јунајтед.Сепак големиот респект меѓу двата противника причини првиот половина час од мечот да мине без особени возбудувања, а тогаш во 28. минута Фабио започна акција која одеше преку Вејн Руни кој го најде Чичарито Хернандес чиј удар Мануел Алмунија го одбрани но на топката натрча Фабио кој ја смести во мрежата.Ван Перси неколку минути подоцна од дијагонала биеше кон голот на Јунајтед, чија мрежа ја спаси ван дер Саар. Голманот на „ѓаволите“ имаше во првото полувреме уште една одлична интервенција кога во последната минута одбрани незгоден удар од Самир Насри и поркај тоа што беше покриен од соиграчот Вес Браун кому топката му мина низ нозете.Во второто полувреме Арсенал повторно ја презема играта на средината на теренот, а Фергусон тактички го повлече стрелецот Фабио и на негово место го внесе во игра Антонио Валенсиа кој поради повреда паузираше половина година. Но тоа траеше само четири минути, бидејќи во 49. минута Руни од еден карамбол во шеснаесетникот на Арсенал со глава ја погоди стативата а топката заврши во голот.„Топчиите“ потоа уште посилно притиснаа на голот од домаќинот, но меѓу неговите стативи беше расположениот Холанѓанец. Една од поопасните прилики Арсенал ја имаше на средината од второто полувреме кога Шамак по ударот со глава ја погоди пречката.Арсенал можност за реванш ќе има уште на 1-ви мај кога на „Емирати“ ќе му биде домаќин во првенството на Манчестер јунајтед зад кого на врвот од Премиершип во борбата за титулата заостанува три бода со меч помалку.Во полуфиналето од англискиот ФА Куп претходно се пласираше и Болтон кој на гости го совлада Бирмингем сити, кој пед две седмици го освои Лига купот, со 3:2, извојувајќи ја победата буквално во последните секунди од мечот со голот на јужнокорејскиот интернационалец Ли Чунг-Јонг. Инаку Болтон двапати беше во водство и двапати Бирмингемуспеваше да изендачи. Гостите поведоа во 21. минута пеку Јохан Еламндер, а домашните изедначија преку Камерон Џером во 38. минута. Во второто полувреме во 66. минута од пенал што прецизно го изведе Кевин Дејвис а Левин Филипс во 80. минута изедначи за Бирмингем, но десет минути подоцна по голот на Кореанецот веќе немаше време за трето изедначување и изборување за уште еден меч.Во другите четвртфинални мечеви во недела двојките се Сток сити – Вест хем јунајтед и Манчестер сити – Ридинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Им посакувам се најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.
Спорт
Нема повеќе повторување на натпревари во ФА Купот
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), објави дека од следната сезона, во ФА купот нема да се преигруваат натпреварите кои ќе завршат без победник. Правилото, старо колку и самото натпреварување, од следната сезона ќе важи само во квалификациите. за повторување ќе важи само во квалификациите.
Укинувањето на повторувањата е само еден од неколкуте чекори договорени од ФА и Премиер лигата во следните шест години.
Во иднина сите натпревари од ФА Купот ќе се играат за викенди, со исклучок на четвртото коло, во кое натпреварите ќе се играат од петок до среда. Во четвртото и петтото коло од ФА Купот нема да се играат натпревари од Премиер лигата.
Финалето на ФА Купот ќе се одигра во претпоследниот викенд од сезоната во Премиер лигата. Тој ден нема да се играат натпревари од Премиер лигата. Во петок, на ден пред финалето на ФА Купот, нема да има натпревари од Премиер лигата.
Промените во ФА Купот ќе донесат поинаков вид посветеност на Премиер лигата. Прво, Премиер лигата ќе обезбеди дополнителни 33 милиони фунти за фудбалот, покрај 100-те милиони фунти што досега ги плаќаше на крајот од секоја сезона.
Покрај тоа, Премиер лигата ги задржува сите претходни обврски – на секои три години Премиер лигата исплаќа 1,6 милијарди фунти за сите нивоа во машка и женска конкуренција за да помогне во развојот на фудбалот.
Одлучено е и Комјунити Шилд натпреварот за сезоната 2024/25 да се одигра во сабота на 10 август. Една недела подоцна ќе започне сезоната во Премиер лигата.
Спорт
Лирој Сане има чудна повреда поради која не може да седи
Лирој Сане, во средата, беше еден од најдобрите играчи во тимот на Баерн, кој преку Арсенал избори пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Германските медиуми пишуваат дека 28-годишниот фудбалер повреден го одиграл тој натпревар и дека планира да игра до крајот на сезоната.
Сане има чудба повреда поради која не може нормално да седи.
Како резултат на тоа, тој не поминува време со соиграчите пред и по тренинзите, а тешко му е и да патува.
Но, и покрај тоа, му порачал на тренерот Томас Тухел дека не размислува да прави пауза за да ја лечи повредата, особено не сега кога Баерн Минхен го очекува двомеч со Реал Мадрид.
Сане има повреда на срамната коска, односно на препоните, една од трите главни коски на карлицата. Германските медиуми пренесуваат дека Сане под блокада го одиграл реваншот од четвртфиналето со Арсенал, но дека по натпреварот имал сериозни болки.
Напуштајќи го стадионот, тој наводно им рекол на тренерот и соиграчите дека ќе продолжи да тренира и да игра како ништо да не се случило, особено што поради повреди мечот го пропуштија Серж Гнарби и Кингсли Коман.
Сезонава Сане има девет гола и 13 асистенции на 39 настапи во дресот на Баерн.