Спорт
Супервелеслаломска победа за Дидие Куш

Швајцарецот, Дидие Куш е победник на денешната трка во супер велеслалом, која во рамките на Светскиот куп во алпско скијање се возеше во Квитфјел.
Швајцарецот, Дидие Куш е победник на денешната трка во супер велеслалом, која во рамките на Светскиот куп во алпско скијање се возеше во Квитфјел. Освојувачот на големиот Кристален глобус, Ивица Костелиќ трката ја заврши на осмото место. Патеката во супер велеслалом, Куш ја мина со време од 1:33.05 минути, тој зад себе ги остави Клаус Крол од Австрија, кој задоцни 30 стотинки и Јоаким Пушнер исто така од Австрија, кој имаше заостанување зад победникот од 34 стотинки. Со оваа победа Куш го зголеми водството во вкупниот поредок во супер велеслалом, тој сега има 291 бод, 68 повеќе од второпласираниот Костелиќ. Најдобрите светски скијачи се селат во швајцарскиот Лензерхиде, каде од среда следуваат завршните натпревари за оваа сезона. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на спортски картички.
На неговиот 22. роденден, негова руки-картичка со автограм е продадена за астрономски 4.6 милиони долари, јавуваат американските медиуми, поставувајќи рекорд кога се работи за НБА-играчите.
Минатата година дебитантска картичка на Јанис Адетокумбо и на Леброн Џејмс е продадена за 1.8 милиони долари, додека картичка со автограм на Мајкл Џордан од Ол-стар натпреварот во 1992 година, достигна 1.4 милиони долари.
View this post on Instagram
Спорт
Иванишевиќ: Новак може да паузира до сезоната на земја

Горан Иванишевиќ, тренерот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, очекува Србинот да паузира цел месец до стартот на сезоната на земја за да се опорави од скинатиот стомачен мускул добиен при победата на Австралија опен.
Самиот Ѓоковиќ изјави дека ја влошил повредата со одлуката да продолжи да игра, и сега Иванишевиќ вели дека е реално да се очекува тој да паузира од тениските терени до април. Србинот се повреди во текот на третото коло против Американецот Тејлор Фриц, а и покрај најавите дека ќе се повлече, тој стигна до победа над Данил Медведев и 18-та гренд слем титула.
„Многу работи зависат од тоа како ќе тече опоравувањето, но мислам дека нема потреба да се брзаме. Единствен турнир до април на кој може да настапи може да биде Мајами, кој стартува на 24 март“, вели Иванишевиќ.
Сезоната на земја стартува на 5 април, а првиот Мастерс е во Монте Карло на 11 април.
Спорт
И официјално по 27 години, Пирели си заминува од дресот на Интер

Генералниот директор на Пирели, Марко Тронкети Провер потврди дека од следната сезона, славната италијанска компанија за производство на автомобилски гуми нема да биде на дресовите на Интер.
Пирели е спонзор на дресот на Интер последните 27 години, но тоа ќе се смени од сезоната 2021/22.
„Преговараме со Антонело, Марота и другите директори на Интер, но нема да бидеме спонзори на нивниот дрес од следната сезона. Сепак, врската со клубот ќе остане“, вели Тронкети Провер.
Откако газдите на Интер, „Сунинг“ минатата недела потврдија дека бараат „партнери“ за клубот, во Пирели не се грижат за иднината на „нераѕурите“.
„Фактите се тие – тие имаа финансиска инјекција и компанијата потврди дека е посветена на Интер. Затоа продолжуваат нормално да функционираат“, вели Тронкети Провер.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер