Спорт
Пораз на Њујорк во Медисон

За првпат откако дојде Кармело Ентони во Њујорк, Никси забележуваат два пораза едноподруго. Овој пат загубија во Медисон од Индијана со 93:106.
За првпат откако дојде Кармело Ентони во Њујорк, Никси забележуваат два пораза едноподруго. Овој пат загубија во Медисон од Индијана со 93:106. Никси ги загубија првата и третата четвртина, а во две играа израмнето. Стадемаер со 28 поени и 6 скока и Кармело Ентони со 25 поени и 5 скокови беа носители на играта на Њујорк, но потфрли Билапс со само 9 поени. Кај гостите Тајлер Хенсбру постигна 29 поени и 8 скокови, а Дерин Колисон 16 поени и 8 скокови.Кевин Лав конечно по 53 последователни дабл-дабл учиноци конечно застана со маратонската серија. Во поразот од 100:77 на неговата Минесота на гостувањето во Голден Стејт, Лав имаше 12 скокови, но постигна само 6 поени. Мартел Вебстер и Мајкл Бисли постигнаа по 16 кошеви за волците, а Стифен Кари беше најдобар во Голден Стејт со 24 поени, 9 скока и 6 асистенции. По 16 поени за Голден Стејт постигнаа Монта Делис и Дорел Врајт.Останати резултати:Торонто – Шарлот 90:95 (Андреа Барњани 17 п. / Ди Џеј Аугустин 23 п.)Кливленд – Оклахома 75:95 (Самардо Семјуелс 10 п. 10 ск. / Расел Вестбрук 20 п. 5 ас.)Феникс – Орландо 88:111 (Арон Брукс 19 п. 10 ск. / Двајт Хауард 26 п. 15 ск.)Бостон – Милвоки 87:56 (Ненад Крстиќ 11 п. 14 ск. / Ендрју Богут 8 п. 8 ск.)/крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал бара УЕФА да му го избрише жолтиот картон на Касемиро
Реал, во средата, ја победи Аталанта во Бергамо (1:0), во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Во Италија сметаат дека Аталанта е ограбена, поради црвениот картон што го доби Ремо Фројлер во 18.минута, но сериозни замерки на судењето имале и во Реал.
Реваншот помеѓу овое два тима ќе се одигра на 20.март, а Реал за тој дуел ќе биде без Бразилецот Касемиро. Во Бергамо, Касемиро доби жолт картон, кој му донесе автоматска суспензија.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал имале намера да се жалат на оваа одлука и ќе барале УЕФА да му го поништат жолтиот картон на Касемиро.
Ваквата одлука на Реал, во Италија ја нарекоа „безобразна“, потсетувајќи дека судијата Тобијас Штилер во 83.минута, при резултат 0:0, токму на Касемиро му присти и не му го покажа вториот жолт картон, кога тој се обиде да изнуди пенал.
Спорт
Бил и Вестбрук го решија Денвер, Бруклин ја продолжија победничката серија

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Вашинготн славеа над Денвер, Јанис Адетокумбо ги предводеше Милвоки до победата над Њу Орлеанс, во чии редови блескаше Зајон Вилијамсон, Бруклин Нетс ја запишаа осмата победа по ред,а во дербито Филаделфија го победи Далас.
Вашингтон во драматичен меч победија во Денвер со 112:110 и ја забележаа седмата победа на последните осум натпревари. Деневер имаа два напади во последните секунди, но не успеаја да постигнат тројка за победа.
Бредли Бил со 33 поени го предводеше Вашингтон, Јапонецот Риу Хачимира забележа 20 поени, а Расел Вестбрук имаше трипл-дабл од 16 поени, 10 скока и 10 асистенции.
На спротивната страна Џамал Мареј беше најефикасен со 34 поени, а Никола Јокиќ забележа 24 поени, 11 скокови и седум асистенции.
Филалделфија беа убедливи против Далас Маверикс 111:97. Лидерот на Истокот го предводеше Џоел Ембид со 23 поени, девет скока и четири асистенции. Лука Дончиќ на спротивната страна реализираше 19 поени, три скока и четири асистенции.
Бруклин Нетс ја продолжија серијата победи. Осмата во таа серија ја забележаа против Орландо Меџик (129:92). Кајри Ирвинг со 27 и Џејмс Харедн со 20 беа најпрецизни кај Нетс, во чии редови се уште го нема Кевин Дурент. Кај Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 28 поени и 12 скока.
Милвоки Бакс, во најефикасниот натпревар славеа над Њу Орлеанс со 129:125. Бакс ја запишаа четвртата победа во низа и сега имаат скор од 20 победи и 13 порази. Адетокумбо мечот го заврши со 38 поени и 10 скока, Крис Мидлтон постигна 31 поен. Најдобри кај Њу Орлеанс беа Вилијамсон со 34 поени и Брендон Инграм со 23.
Спорт
Динамо на Адеми и Ристовски го чека противникот во Лига Европа

Ждрепката за осмина-финалето во Лига Европа, ќе се одржи во петокот, во Нион, со почеток во 13 часот. На ждрепката нема да има носители, што значи дека се можни дуели меѓу фаворитите и тимовите од исти земји.
Македонскиот фудбал ќе има двајца репрезенти на денешната ждрепка, тоа се играчите на Динамо Загреб, Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Динамо во двата натпревари го победи Краснодар.
Најмногу екипи во оваа фаза има Англија, три, по два тима имаат Италија, Шпанија и Украина
Молде, Виљареал, Арсенал, Глазгов Ренџерс, Ајакс, Гранада, Шахтјор Доњецк, Милан, Рома, Динамо Загреб, Олимпијакос, Манчестер Јунајтед, Динамо Киев, Славија Прага, Јанг Бојс, Тотенхем.
Осмина-финалните натпревари во Лига Европа на распоредот ќе бидат на 11 и 18.март.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер