Контакт

Спорт

Палермо се освести против лидерот Милан

Објавено пред

Лидерот во Калчо лигата, Милан, ниминално загуби на гостувањето во Палермо, во натпревар од 30-то коло, во Серија А.

Домаќинот Палермо на „Ренцо Барбера“ го победи Милан со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна романскиот репрезентативец Гојан во 10. минута. Под услов во недела Интер да го победи Лече, тогаш Милан ќе има само два бода предност во однос на градскиот ривал. Победата која ја забележа Палермо е прва по пет пораз на екипата од Сицилија.  Екипата на Лацио во првата минута го реши натпреварот со Чезена. На „Олимпико“ во Рим единствениот гол, со кој го прекина тримесечниот пост, го постигна Мауро Зарате. Со новите три бода Лацио остана во игра за четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Попладнево и вечерва 30-то коло во Серија А ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварите: Фиорентина-Рома; Бари-Киево; Болоња-Џенова; Интер-Лече; Јувентус-Бреша; Сампдорија-Парма; Удинезе-Катанија и Наполи-Каљари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ: Сити сега имаат 19 победи во низа, Менди со голчиште за победа на Реал во Бергамо

Објавено пред

Манчестер сити ја забележа и 19-тата победа едноподруго (во сите натпреварувања), откако славеше на гости кај Борусија Менхенгладбах во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите со 0:2, додека толку очекуваниот „напаѓачки“ меч меѓу Аталанта и Реал Мадрид беше „расипан“ откако домаќините по само 17 минути игра останаа со играч помалку, пред Ферлан Менди да го реши во 86. минута со фантастичен гол од далечина.

На „Пушкаш арената“ во Будимпешта, каде што Гладбах го пречека лидерот во Премиер лигата поради забраната за пристигнување од Велика Британија во Германија, Сити од почетокот имаше доминација на топката и дојде во водство во 29. минута со убавиот гол со глава на Бернардо Силва.

Во 65. минута од мечот Габриел Жесус го удвои водството откако од близина даде гол по уште една убаво изработена акција на Рахим Стерлинг, Жоао Кансело и Бернардо Силва.

Мечот во Бергамо, каде што хероите Аталанта беа пречекани со факли пред влезот на стадионот, доби поинаков ритам откако германскиот судија Тобијас Штилер во 17. минута можеби малку престрого му покажа директен црвен картон на Ремо Фројлер по стартот над Ферлан Менди.

Лошите вести за Аталанта се зголемија кога по половина час, колумбискиот напаѓач Дуван Запата побара замена поради повреда, но во првите 45 минути најдобрата шанса ја имаа домаќините преку Луис Муриел. Во второто полувреме, секако, Реал ја имаа иницијативата, но упорната одбрана на Аталанта изддржа до 86. минута, кога по додавањето од Лука Модриќ, Менди имаше фантастичен удар за 0:1 и голема предност пред реваншот во Мадрид.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Аталанта – Реал Мадрид 0:1

Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити 0:2

Прикажи повеќе...

Спорт

Сака да стане претседател на Барса, а би облекол дрес на Реал Мадрид!

Објавено пред

Шансите на Виктор Фонт да стане нов претседател на Барселона страшно се намалија последните денови, откако за разлика од неговите противкандидати Жоан Лапорта и Тони Фреича, тој реши да одговори на хипотетичкото прашање дали би облекол дрес на лутите ривали Реал Мадрид ако то значи дека Барса ќе ја освои Лигата на шампиони и уште понатаму реши да го држи дресот на омразениот клуб.

Додека Фреича и Лапорта (кој е фаворит за враќање на претседателското место), секако, одговорија дипломатски и политички и одбија да го држат дресот, Фонт се реши за поинаков пристап и сигурно не доби дополнителни гласови.

Дека кампањата за претседател на Блауграна се сфаќа сериозно се гледа со тоа што се оддржуваат и ТВ дебати (каде што Фонт не блесна и го спореди Лапорта со нацист), каде што од нив беше побарано да го нацртаат логото на Барселона, нешто што Фонт не успеа да го направи. Кампањата не му оди најдобро…

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ има „токсични“ фанови кои повеќе му штетат отколку што му помагаат?

Објавено пред

Бен Ротенберг, еден од најпознатите тениски новинари и колумнист на „Њујорк тајмс“ по победата на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен оваа година, вели дека неговите фанови, посебно на социјалните мрежи, предизвикуваат другите тениски фанови да го „мразат“ светскиот број 1.

„Најгласните фанови на Новак Ѓоковиќ се посебно агресивни и полни со омраза, но мислам дека и самиот Новак не е свесен за тоа. Тоа што може да се види на социјалните мрежи го докажува тоа. Фановите не сфаќаат дека така го рушат имиџот на тенисерот, кој секогаш е добар и се однесува добро. Сите спортисти имаат вакви фанови, но тие на Ноле секогаш давале лош впечаток“, вели Ротенберг.

По 18-тата гренд слем титула уште еднаш стана јасно дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на светот во моментов, но тој често предизвикува поделби меѓу фановите – на тие кои го обожаваат и на тие кои речиси го мразат. Дел од нив, секако, се фановите на Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои ниту во лудило не би признале дека Ѓоковиќ е подобар тенисер.

Неодамна, тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ призна дека има група на онлајн фанови кои се решени да го напаѓаат Србинот без разлика на тоа што се случува. Ѓоковиќ, останува (релативно) смирен и продолжува со ловот на тениските терени – сега има 18 гренд слем титули, само две помалку од Федерер и Надал.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија8 часа

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија10 часа

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ13 часа

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет13 часа

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија13 часа

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија15 часа

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет15 часа

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија15 часа

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија16 часа

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет1 ден

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија1 ден

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија1 ден

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија1 ден

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија1 ден

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија1 ден

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија1 ден

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија2 дена

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Македонија2 дена

Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се...

Досие