Спорт
Роналдо три седмици вон терените

Напаѓачот на мадридски Реал. Кристијано Роналдо на синоќешниот меч против градскиот ривал Атлетико ги повредил препоните заради што ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку три седмици.
Напаѓачот на мадридски Реал. Кристијано Роналдо на синоќешниот меч против градскиот ривал Атлетико ги повредил препоните заради што ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку три седмици.Португалскиот голгетер беше изваден од игра во второто полувреме откако му се пожалил на својот сонародник Жозе Мурињо дека почувствувал болки во левата нога. Деталниот медицински преглед направен врз Кристијано Роналдо веднаш по мечот покажал дека станува збор за повреда на препоните, пишува Reuters.Роналдо со идентична повреда се здоби и на 3-ти март за што од мечевите и тренинзите паузираше две седмици до натпреварот во саботата навечер против Атлетико Мадрид.Засега е сигурно дека Роналдо нема да настапи на пријателските мечеви на репрезентацијата на Португалија против Чиле и Финска. Неизвесен е и неговото појавување во екипата на Реал која на 5-ти април ќе истрча против англискиот претставник Тотенхем во првиот четвртфинален меч против во Лигата на шампионите./крај/ро./сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Жирито му го додели златото на Ингебритсен

Норвежанецот Јакоб Ингебритсен, кој беше дисквалификуван на трката, на 1.500 метри, на Еропското првенство во сала, со одлука на жирито сепак го освои златниот медал.
Жирито пресуди, дека Ингебритсен, кој на стартот од трката со една нога бил надвор од патеката, тога го направил бидејќи бил турнат од друг натпреварувач.
„Со овој инцидент тој не стекна никаква предност, инцидентот не влијаеше на трката и нејзиниот конечен резултат“, објави жирито.
20-годишниот Норвежанец победи со резултат 3:37.56 минути, пред Полјакот Марцин Левандовски (3:38.06) и Шпанецот Хесус Гомез (3:38.47).
За младиот Норвежанец ова е трет златен медал на ЕП. Ингебритсен на 18-годишна возраст победи на ЕП во Берлин во трките на 1.500 и 5.000 метри.
Спорт
Барса со „чуден“ триумф над Басконија до 20 победи во Евролигата

Барселона ја заврши неделата на совршен начин, совладувајќи го шпанскиот ривал Басконија со 71:57 во 28. коло во Евролигата, со што стана првиот клуб кој стигнал до 20 победи оваа сезона.
По чудниот 25:4 старт за домаќините, Басконија врати во уште полуда втора четвртина, за во третата четвртина дури и да поведе. Но, Никола Миротиќ беше на место, и во клучните моменти го врати водството ан Барса за да заврши со 18 поени и 10 скока.
Кори Хигинс имаше 13 поени, Адам Ханга додаде 9, додека кај тимот на Душко Ивановиќ, Јусуфа Фал беше најдобар со 12 поени.
Фенербахче, пак, стигна до петтата победа во низа на гости, откако со 90:86 триумфираше кај Асвел Лион, предводени од Нандо де Коло и неговите 24 поени. Олимпијакос, пак, со 94:79 ја победи Црвена звезда за прва евролигашка победа по два месеци.
ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО
Химки – Алба Берлин 81:100 (25:20, 22:21, 20:27, 14:32)
Жалгирис – Армани Милано 64:69 (13:19, 19:15, 13:16, 19:19)
Олимпијакос – Црвена звезда 94:79 (30:19, 23:29, 22:19, 19:12)
Асвел Лион – Фенербахче 86:90 (18:20, 20:20, 22:19, 26:31)
Барселона – Басконија 71:57 (25:4, 8:22, 17:19, 21:12)
Спорт
Како идејата на Венгер за офсајди може да го смени фудбалот засекогаш

Револуционерната идеја на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер за менување на правилата за офсајд е презентирана пред ФИФА, и тие се подготвени да ја тестираат, во потег кој може да донесе огромна трансформација на модерниот фудбал.
Венгер, откако ги одби сите понуди да стане тренер или спортски директор во некој голем клуб, почна да работи како шеф за глобален развој на фудбалот на ФИФА и подолго време лобира за промена на офсајд правилата.
Што е идејата на Французинот? Многу едноставно – тој би сакал да нема офсајд додека напаѓачот со било кој дел од телото кој може да го искористи да постигне гол е израмнет со претпоследниот противник.
Според „Тајмс“, правилото ќе биде тестирано во засега неименувана кинеска лига со можност да се применува глобално во блиска иднина. Како би изгледало тоа? Примерот на Рахим Стерлинг на следната фотографија покажува дека тој не би бил во офсајд, бидејќи неговата петица е израмнета со Џон Мекгин. Според сегашните правила, ова дефинитивно би било офсајд
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е отпимист.
„Кога се работи за офсајдот, со менување на играта, со брзината на играта и со воведување на ВАР, јасно е кога е офсајд или не. Без ВАР, судиите сами го одлучуваа тоа. Со новото правило би виделе малку повеќе напаѓачки фудбал. Со предлогот на Венгер, напаѓачите ќе имаат повеќе простор и ќе се фаворизира напаѓачки фудбал. Прво мора да се тестира и да се види влијанието на играта. Ако е позитивно, тогаш зошто да не?“, вели Инфантино.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“