Спорт
Ракетите од Хјустон со рафална стрелба

Во Тојота Центарот во Хјустон, војниците од Голден Стејт немаа начин да ја сопрат рафалната стрелба на Рокитс. Домашната екипа победи со 131:112, а најефикасни во победничкиот тим беа Кевин Мартин со 34 постигнати поени
Во Тојота Центарот во Хјустон, војниците од Голден Стејт немаа начин да ја сопрат рафалната стрелба на Рокитс. Домашната екипа победи со 131:112, а најефикасни во победничкиот тим беа Кевин Мартин со 34 постигнати поени и Кортни Ли со 25 поени. Трипл дабл постигна Чак Хејс (13 п. 14 ск. 11 ас.), а дабл дабл Луис Скола (20 п. 10 ск.) и Кајл Лоури (13 п. 12 ас.).Во екипата на Голден Стејт се издвоија Дорел Врајт (34 п. 5 ск. 6 ас.), Дејвид Ли 19 п. 9 ск.) Стифен Кари (16 п. 6 ск 6 ас.) и Монта Елис (15 п. 5 ск. 5 ас.).Останати резултати:Кливленд – Њу Џерси 94:98 (Рајмон Сешнс 21 п. 8 ск. Џеј Џеј Хиксон 17 п. 17 ск. / Кевин Хемфрис 18 п. 23 ск. Саша Вујачиќ 18 п. 5 ск.).Филаделфија – Атланта 105:100 (Елтон Бренд 13 п. 11 ск. / Џош Смит 33 п. 12 ск.)Шарлот – Индијана 88:111 (Квејм Браун 16 п. 9 ск. / Дени Грејнџер 33 п. 5 ск. Тајлер Хенсбру 24 п. 5 ск. Рој Хиберт 13 п. 14 ск.)Детроит – Мајами 94:100 (Ричард Хамилтон 27 п. Грег Монро 14 п. 12 ск. / Крис Бош 23 п. 7 ск., Двејн Вејд 24 п. Леброн Џејмс 19 п. 8 ск. 7 ас.)Бостон – Мемфис 87:90 (Пол Пирс 22 п. 6 ск. / Марк Гасол 11 п. 11 ск.)Њујорк – Орландо 99:111 (Кармело Ентони 24 п. 5 ск. 9 ас. / Двајт Хауард 33 п. 11 ск. Хидает Туркогли 16 п. 11 ск.)Оклахома – Јута 106:94 (Расел Вестбрук 31 п. 5 ас., Кевин Дурант 29 п. Серж Ибака 15 п. 13 ск. / Ал Џеферсон 32 п. 12 ск.)Милвоки – Сакраменто 90:97 (Карлос Делфино 30 п. / Маркус Торнтон 27 п. 6 ск. Бено Удрих 25 п. 6 ск. 6 ас. Семјуел Далембер 11 п. 12 ск.)Феникс – Торонто 114:106 (Арон Брукс 25 п. 8 ас. / Андреа барњани 27 п.)Л.А. Клиперс – Вашингтон 127:119 (Блејк Грифин 33 п. 17 ск. 10 ас. Крис Каман 28 п. 12 ск. Ерик Гордон 32 п. / Џон Вол 32 п. 10 ск. Џордан Крофорд 25 п. 7 ск. 10 ас. Џавал Мекги 22 п. 13 ск.)Денвер – Сан Антонио 115:112 (Ал Харингтон 27 п. / Ману Џинобили 20 п.) Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ го стигна Федерер – 310 недели е на чело на АТП листата

Новак Ѓоковиќ ја започна 310 недела на челната позиција на АТП листата. Српскиот тенисер го израмни рекордот на Роџер Федерер, а од наредниот понеделник, тој ќе стане апсолутен рекордер.
Новак Ѓоковиќ, прв пат во кариерата стана светски број 1 на 4.јули 2011 година. Потоа уште четири пати се враќаше на првото место. Шест пат во кариерата годината ја завршувал на првото место, овој рекорд го дели со својот идол Пит Сампрас.
Како светски број 1, Ѓоковиќ има скор од 387 победи и 53 порази, вклучувајќи 117 победи и 30 порази против ривалите од Топ 10.
На првата позиција Ѓоковиќ има 12.030 поени, на второто место е Рафаел Надал со 9.850.
Во Топ 10 се Данил Медведев, Доминик Тим, Роџер Федерер, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини.
Спорт
Дебакл на Вориорс во ЛА, Јанис ги среди Клиперси

ЛА Лејкерс ставија крај на серијата од четири порази со убедливиот триумф над Голден стејт Вориорс 117:91. Милвоки во дербито ги победија ЛА Клиперс 105:100, а Бостон Слетикс во драматичен финиш ја извлекоа победата над Вашингтон Визардс 111:110.
Актуелните шампиони го декалсираа Голден стејт Вориорс и се вратија на второто место во Западната конференција. Лејкерси, на полувреме го решија прашањето околу победникот, а во третата четвртина имаа предност и од 35 поени.
Леброн Џејмс, на теренот мина само 24 минути, постигна 19 поени и беше најефикасен во својот тим. На спротивната страна се истакна Ерик паскал со 18 поени, Стеф Кари одигра лош натпревар, погоди пет од 13 обиди, постигна 16 поени.
Бостон Селтикс со поените на Џејсон Тејтум постигнати на пет секунди до крајот на мечот, славеа над Вашингтон со 111:110. Тејтум со 31 поен ги предводеше Селтикс, на спортивната страна Бредли Бил застана на 46 поени. Ова е 11 натпревар, од почетокот на сезоната, на кој Бил постигнува најмалку 40 поени, а неговиот тим не успеа да победи.
Во дербито, Милвоки, предводени од Јанис Адетокумбо, славеа над ЛА Клиперс со 105:100. Јанис мечот го заврши со 36 поени, 14 скока и четири блокдаи. Грчкиот репрезентативец постигна 17 поени во последната четвртина.
Кај Клиперси се истакнаа Каваи Ленард со 25 и Серж Ибака со 15 поени, 12 од нив во третиот период кога Клиперси го анулираа двоцифрениот минус.
Резултати:
Сакраменто-Шарлот 126:127
Минесота-Феникс 99:118
Хјустон-Мемфис 84:133
Мајами-Атланта 109:99
Детроит-Њу Јорк 90:109
Спорт
Атлетико не го дава врвот, пак се врати на +5 пред Барса

Атлетико Мадрид стигна до гостинска 0:2 победа кај Вилјареал за да ја продолжи низата на „жолтата подморница“ без победа, и да се врати на +5 предност пред Барселона на врвот на Ла лига, и тоа со натпревар помалку.
На „Керамика“, тимот на Диего Симеоне дојде во водство во 25. минута со автоголот на Алфонсо Педраза, а победата беше потврдена во 69. минута преку Жоао Феликс.
„Рохибланкос“ имаат 58 поени од 24 меча, пред Барселона со 53 од 25 меча и Реал Мадрид со 52 од 24 меча. Вилјареал се на седмото место со 37 поени.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран