Контакт

Спорт

Македонско турска олимписка соработка

Објавено пред

Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет д-р Сашо Поповски со својот колега од Турскиот олимписки комитет д-р. Неше Гундоган остварија средба на која се договорија взаемната соработка да ја подигнат на повисоко ниво.

Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет д-р Сашо Поповски со својот колега од Турскиот олимписки комитет  д-р. Неше Гундоган остварија средба на која се договорија взаемната соработка да ја подигнат на повисоко ниво.Договорено е македонски спортисти да се подготвуваат и усовршуваат во Турција која што во следните години ќе биде центар на светски спортски случувања. Оваа година Турција организира неколку европски и светски првенства во различни спортови, младински олимписки игри, а во 2013 година ќе биде домаќин и на Медитеранските игри.Сашо Поповски ги посети и нашите борачи кои веќе две недели се на заеднички подготовки со најдобрите турски борачи за претстојното европско првенство во Дортмунд (29-31 март.), а и за Светското првенство во борење кое ќе се одржи во Истанбул.  Крај/Макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Работнички застана на патот на Шкендија, Шкупи профитираше од Кратово

Објавено пред

Скопски Работнички одигра нерешено 0-0 против лидерот на табелата во ПМФЛ, тетовска Шкендија на денешниот меч од 21. коло одигран на нашиот најголем стадион во Скопје.

Во натпревар без многу шанси „Романтичарите“ иако го диктираа темпото, не успеаја да слават против тетовскиот тим ниту во деветтиот меч во низа на свој терен. Денешниот меч беше 11-ти на кој Работнички ги дели бодовите со противникот.

Киксот на лидерот на табелата го искористи екипата на Шкупи, па со голот на Алварез „чаирчани“ ги собраа трите бода од Кратово, од дуелот против Силекс, 0-1.

На првата победа во новата средина се радуваше Александар Васоски. Тој со својата Академија Пандев славеше триумф од 2-1 на домашен терен во Струмица против Македонија ЃП.

На останатите денешни дуели од ПМФЛ, Ренова со убедливи 3-0 славеше против подмладениот Вардар, Пелистер ги освои трите бода кај Струга Трим Лум со 1-0, а во Велес, Борец ја победи Беласица со 2-1.

По 21 одиграно коло од домашниот шамионат вака изгледа табелата:

Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 35, Струга 32, Работнички и Борец по 29, Вардар 26, Пелистер 25 Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12.

Фото: ФК Работнички

Прикажи повеќе...

Спорт

Без навивачи од странство на ОИ во Токио

Објавено пред

Без навивачи од странство, од 23.јули до 8.август, ќе се одржат Олимписките игри во Токио. Оваа одлука треба да биде потврдена до крајот на овој месец.

Јапонските власти и членовите на Организациониот одбор, стравуваат дека пристигнувањето на луѓе од други држави, може да го забрза ширењето на коронавирусот. Се претпоставува дека на мал број домашни навивачи ќе им биде дозволено во живо да ги следат настаните на олимписките игри.

„Сакаме сите учесници на Игрите да бидат безбедни, но сакаме да бидат безбедни и жителите на Токио. Водиме сметка за сите детали, не сакаме никој да биде загрозен“, рекол првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.

Кога станува збор за новинарите, тиме по пристигнувањето во Токио нема да мора да одат во 14-дневна изолација. Новинарите ќе треба да имаат негативни ПЦР-тестови и нивното движење додека траат Игрите ќе биде ограничено.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јувентус против Наполи на 17.март

Објавено пред

Серија А потврди дека одложениот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи ќе се одигра на 17.март во Торино, со почеток во 17.45 часот.

Овој натпревар предизвика вистинска конфузија во Италија. Првично требаше да се одигра на 4.октомври минатата година, меѓутоа здравствените власти на Неапол им забранија на фудбалерите на Наполи да отпатуваат во Торино.

Серија А неколку дена потоа го регистрираше натпреварот со 3:0 за Јувентус.

Меѓутоа Наполи ја обжалија одлуката, по што Судот пресуди во нивна корист и ја поништи одлуката на Серија А.

Неодамна овие два тима играа во Неапол, победи Наполи со 1:0, со голот на Инсиње од пенал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија2 часа

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија3 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија3 часа

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија4 часа

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион7 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион8 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет8 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион8 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет8 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа9 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет9 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ1 ден

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Досие