Спорт
Атомскиот сервер Карловиќ елиминиран во 1 коло

Иво Карловиќ кој што само пред неколку дена за малку ќе го елиминираше Рафаел Надал на АТП во Индијан Велс во четвртфиналето, на вториот турнир во Мајами загуби уште на стартот.
Иво Карловиќ кој што само пред неколку дена за малку ќе го елиминираше Рафаел Надал на АТП во Индијан Велс во четвртфиналето, на вториот турнир во Мајами загуби уште на стартот. Атомскиот разорен сервис на Хрватот не му помогна во дуелот со Флоријан Маер. Германецот победи со 6:4, 7:6 (6).Резултати од останатите дуели од првото коло:Кеи Нишикори – Џереми Шарди 7:6 (5), 6:2Фелицијано Лопес – Рикардас Беранкис 4:6, 7:6 (5), 6:3Андреас Сепи – Миша Зверев 6:2, 6:7 (9), 6:1Тејмураж Габашвили – Даниел Брандс 6:2, 7:6 (5)Радек Степанек – Фабио Фоњини 6:3, 7:6 (5)Сергиј Стаковски – Григор Димитров 6:2, 6:4Оливер Рохус – Блаж Кавчич 3:6, 6:4, 7:5Јанко Типсаревиќ – Робин Хас 6:4, 7:6 (5)Рајнер Шутлер – Рајан Харисон 7:5, 6:2. Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Винисиус ги спаси „кралевите“ од домашен пораз од Сосиедад

Наместо со победа да се доближат на само три поени до градските ривали Атлетико Мадрид пред големото дерби во недела, Реал Мадрид се намачи да стигне до 1:1 домашно реми со Реал Сосиедад во меч кој може да има многу големо значење во борбата за шпанската титула.
Тимот на Зинедин Зидан влезе во дуелот со баскискиот клуб со низа од четири победи, кои иако не беа многу убедливи, ги држеа во трка со Атлетико, заедно со Барселона веднаш пред нив. Со загубените поени, притисокот на тимот за победа во дербито на „Ванда Метрополитано“ ќе биде огромно за Зидан и Реал.
Порту во 55. минута ги донесе гостите во водство, а нападот на „кралевите“ не функционираше се до 89. минута, кога Жуниор Винисиус, кој влезе како замена не постигна гол, негов прв по 25 меча за Реал.
Реал сега се на третото место на табелата со 53 поени, зад Барселона со ист број на поени, но подобра гол разлика, и Атлетико на 58, и тоа со натпревар помалку. Сосиедад се петти со 42 поени.
Predestinado.
Vinícius Júnior marca em seu 100° jogo com a camisa do Real Madrid! pic.twitter.com/xUWqfXq1lp
— Flaxias 🌐🌐 Informativo (@flaxiascaxias) March 1, 2021
Спорт
Федерер не игра во Мајами, загуби 1.000 АТП поени

Четирикратниот шампион од Мастерсот во Мајами, Роџер Федерер нема да ја брани титулата од 24 март, што значи дека ќе загуби 1.000 АТП поени, но останува на добар пат да го направи долгоочекуваниот камбек на тениските турнири во Доха.
Швајцарскиот освојувач на 20 гренд слем титули нема играно од Австралија опен минатата година, по две операции на коленото во февруари и мај, за најдолга пауза во неговата кариера. Тој се врати на тренинзи во октомври.
Останува неизвесно дали ќе игра во Дубаи неделата пред Доха, но планот е да го прескокне остатокот од американската пролетна сезона. Федерер во моментов е петти на АТП листата со 6.630 поени, зад Новак Ѓоковиќ (12.030), Рафаел Надал (9.850), Данил Медведев (9.735) и Доминик Тим (9.125)
Спорт
Цело градче во Гана навива за Астон вила

Градчето Џуабен во африканската држава Гана е познато по своите фудбалски фанови. Поточно, по фановите на еден англиски клуб, Астон вила од Бирмингем, на над 7.500 километри од западна Африка.
Кога игра нивниот омилен клуб (сега за среќа во Премиер лигата), тие стануваат во 5 часот наутро, ги облекуваат своите дресови и почнуваат танците, песните и марширањето на улиците на градот. Од 48.338 жители на малиот град, во него има над 1.000 фанови на Вила.
„Секоја недела наутро имаме рутина. Мораме да бидеме фит и подготвени за песна, па затоа вежбаме, по што пееме над три часа. Кога ќе се вратиме од вежбање, ги пееме имињата на фудбалерите кои играат за Вила. Претходно многу луѓе навиваа за Челси, Манчестер јунајтед или Барселона. Сега, сите ни се приклучуваат и мислат само на Вила“, вели 21-годишниот Овусу Боакје Амандо, основачот на навивачката група „Гана лајонс“ за британскиот весник „Дејли мејл“.
Како започна оваа љубов за клуб кој не освоил трофеј од 1996 година? Овусу вели дека се работи за неговиот дедо и за еден легендарен фудбалер на Вила.
„Мојата љубов за Астон вила е од детството. Мојот дедо постојано зборуваше за фудбалерите, но само еден го нарекуваше Бог. Еден ден го прашав и тој ми кажа дека има еден Бог, но Бог во фудбалот е исто така еден и се вика Пол Мекграт“, вели Овусу.
61-годишниот Мекграт е поранешен ирски репрезентативец, кој играше на позицијата одбранбен играч, и го сметаат за еден од најдобрите ирски фудбалери во историјата. По настапите за Манчестер јунајтед, поголем дел од кариерата тој помина во Астон вила, за која имаше 253 настапи.
Врската со клубот не е заборавена. Поранешниот фудбалер на Вила, а сега тренер на младинскиот тим, Џорџ Боатенг минатата година го посети селото и планираше да ги донесе на турнеја на „Вила парк“ но пандемијата на КОВИД-19 ги попречи плановите, иако за иницијативата пари дадоа Џек Грилиш и Тајрон Мингс.
I don’t know Arsenal. I don’t know Arsenal. I know Villa. I know Martinez. I know Watkins. pic.twitter.com/OvgcTN9cxH
— Ghana Lions AVFC (@AvfcGhana) February 6, 2021
I don’t know Arsenal.This Arsenal fan joined our chants. I know Villaaaaaaaaaa. pic.twitter.com/oeHsgtTojJ
— Ghana Lions AVFC (@AvfcGhana) February 6, 2021
We love football and it’s football that unite us. Help the Ghana Lions Fund a Football Pitch! #AVFC https://t.co/FWiMOO4yNU
— Ghana Lions AVFC (@AvfcGhana) February 5, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер