Спорт
Жестоки дуели во кошаркарската Евролига

Гостинските екипи го возвратија ударот во вторите натпревари од четврфиналната серија во кошаркарската Евролига
Панатинаикос во најпривлечната четвртфинална серија во Барселона, со извонредна игра во вториот дел го победи актуелниот европски шампион со 75:71. Барселона во еден дел од мечот имаше и 16 поени предност, но во третата четвртина Сато и Дијамантидис, со серија тројки ја анулираа предноста на домаќините. Ромејн Сато натпреварот го заврши со 18, Димитрис Дијамантидис со 17, а Мајк Батист со 14 поени. По срамот што си го приреди во вторникот, Монтепаски целосно се врати во серијата со Олимпијакос, откако а вториот меч победи со убедливи 82:65. Херисон со 19 поени и 11 скокови беше најекспонираниот играч на Монтепаски. Македонскиот репрезентативец во редовите на италијанскиот шампион, Лестер Бо Мекејлеб, на паркетот мина само две минути без да се запише меѓу стрелците. Валенсија забележа победа во Мадрид 81:75 пред се благодарение на извонредниот Омак Кук. Натурализираниот црногорец во клучните моменти постигна две тројки, мечот го заврши со 20 поени, погодувајќи ги петте удари за три поени. Макаби во Виторија, во исклучително неизвесен натпревар, со 83:81 забележа победа над Каха Лаборал. Џенаро Парго, поранешен играч на неколку НБА екипи, во последната секунда го постигна победничкиот кош за израелскиот првак, мечот тој го заврши со 13 поени. Скорцианидис со 22 и Блутентал со 18 поени беа предводници на Макаби, Каха Лаборал ја предводеа Батиста и Сан Еметерио со 17 поени. Натпреварите број три од четвртфиналните серии ќе се одиграат во вторник на 29 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
50 трипл-дабл за Јокиќ – Денвер ги декласираа Милвоки, Лејкерси поразени од Финикс

Јубилејниот 50.трипл-дабл во кариерата на Никола Јокиќ, новиот пораз на ЛА Лејекрс и крајот на серијата на Мајами Хит, ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Денвер Нагетс убедливо победија во Милвоки со 128:97. Денвер ја забележаа шестата победа на последните седум гостувања, додека за Милвоки ова е прв пораз по серијата од пет победи.
Никола Јокиќ го предводеше својот тим со 37 поени, 10 скока и 11 асистенции за 36 минути колку што мина на теренот. Јокиќ е вториот центар во историјата на НБА лигата, кој успеал 50. пати во кариерата да забележи трипл-дабл. Пред центарот на Денвер е само легендарниот Вилт Чембрлен.
Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакна и Џамал Мареј со 24 поени и шест асистенции.
На спортивната страна, Јанис Адетокумбо забележа 27 поени, осум скока и 11 асистенции.
Финикс Санс, во Лос Анџелес, ги победија Лејкерси со 114:104. Санс со оваа победа ги скокнаа Лејкерси на втората позиција на Западот.
Актуелните шампиони не успеаја да го избегнат поразот, иако Леброн Џејмс постигна 38 поени. Во редовите на Санс најдобри беа Дарио Шариќ со 21, односни Деандре Ејтон и Девин Букер со по 17 поени. Финикс имаат 12 победи на последните 14 натпревари.
Бостон Селтикс славеа победа во дуелот со ЛА Клиперс 117:112. Ѕвездите на Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ посригнаа 25, односно 32 поени, но не добија поддршка од соиграчите. Бостон, едноставно тимски делуваа подобро на теренот. Кемба Вокер постигна 25, Џејлен Браун 18, а Џејсон Тејтум 14 поени.
Атланта Хокс изненадувачки ставија крај на серијата од шпест победи, во која се наоѓаа кошаркарите на Мајами Хит. Хокс предводени од Тре Јанг (18 поени, 10 асистенции) и Џон Колинс (17 поени, 17 скокови), славеа победа 94:80.
Спорт
Добри вести за Клоп – Тројца се враќаат за дуелот со Челси

Ливерпул во дербито со Челси ќе влезе со двајца фудбалери кои подолго време отсуствуваа поради повреди, а на голот ќе се врати Алисон Бекер, кој го пропушти дуелот со Шефилд јунајтед.
Јирген Клоп ќе може да смета на Фабињо и Диого Жота. Фабињо не играше еден месец, додека Жота отсуствуваше од почетокот на декември, кога се повреди на натпреварот со Митјиланд.
Враќањето на овие тројца ќе ги зголемо опциите на Клоп, во одбраната и во нападот, кој оваа сезона не е толку ефикасен, како што тоа беше случај во претходните две сезони.
Дербиот на „Енфилд“ ќе се одигра утре од 21:15 часот.
Во пресрет на дербито Ливерпул се наоѓа на шесттото место на табелата, со бод помалку од Челси.
Спорт
Победничката низа на Манчестер сити продолжи, имаат 15 поени предност во Премиер лигата!

Манчестер сити го забележа и својот 21. триумф едноподруго во сите натпреварувања, откако со 4:1 го совлада тимот на Вулверхемптон и се одвои на фантастични 15 поени пред Манчестер јунајтед на врвот на Премиер лигата, практично обезбедувајќи ја титулата уште на почетокот на март.
Но, за малку неверојатната низа на тимот на Пеп Гвардиола ќе застанеше против „волците“. Сити дојде во водство уште во 15. минута преку автоголот на Леандер Дондекер, а откако им беше поништен гол во првото полувреме поради офсајд, тимот на Нуно Еспирито Гомеш успеа да израмни со гол од глава на Конор Коуди.
Кога се мислеше дека серијата ќе застане на „заокружени“ 20 натпревари, на сцена стапи Габриел Жесус, кој по една убава акција, доби еден „отпадок“, кој сигурно го смести во мрежата. Со осигурана победа, Сити се „размавнаа“ во финишот – Ријад Марез во 91. минута зголеми на 3:1, пред Жесус со вториот гол во 95. минута да стави печат на мечот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер