Спорт
Клајстерс и Радванска брзопотезно во третото коло

Втората носителка на ВТА турнирот во Мајами, Ким Клајстерс за неполн час експресно ја совлада белоруската тенисерка Анастасија Јакимова во два сета во кои и даде само по еден гем.
Втората носителка на ВТА турнирот во Мајами, Ким Клајстерс за неполн час експресно ја совлада белоруската тенисерка Анастасија Јакимова во два сета во кои и даде само по еден гем. На сличен начин и Агњешка Радванска (9) од Полска одигра против чешката тенисерка Барбора Захвалова Стрицова, на кој што и препушти само еден гем во првиот сет.Останатите мечеви од 2 коло:Јекатерина Макарова – Алиса Клејбанова 7:5, 6:3Јармила Грот – Јарослава Шведова 6:4, 3:1 пред.Доминика Чибулкова – Тимеа Башчински 6:1, 5:7, 7:5Петра квитова – Варвара Лепченко 6:1, 6:2Марија Кириленко – Сања Мирза 5:7, 6:3, 6:0Виржини Разано – Каја канепи 6:3, 7:6 (5)Марија Хозе Мартинез – Ана Татишвили 6:1, 6:4Лурдес Домингез – Цветана Пиронкова 5:7, 6:3, 6:4Марион Бартоли – Ајуми Морита 6:3, 2:6, 6:1Франческа Скиавоне – Анџелик Кербер 6:4, 6:4Анастасија Павличенкова – Агнеш Савај 6:1, 6:/крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Боатенг повторно под истрага за напад на поранешната девојка која се самоуби

Германските обвинители повторно го отвориле случајот против ѕвездата на Баерн Минхен, Џером Боатенг, откога се појавиле нови информации за неговиот наводен напад на поранешната девојка Касја Ленхард по нејзиното самоубиство, тврдат германските медиуми.
Случајот првпат беше отворен во 2019, но беше затворен минатото лето откако Ленхард не сакаше да оди понатаму со обвиненијата. Боатенг беше обвинет дека ја нападна во октомври 2019 година, една година пред нивната јавна разделба, која на крајот заврши со самоубиство на поранешната манекенка.
Фотографиите од повреденото уво на Ленхард беа споделени кусо на социјалните мрежи, но веднаш избришани неколку часа пред 25-годишната Ленхард да биде пронајдена мртва во нејзиниот стан во Берлин.
Боатенг неодамна ја обвини Ленхард, која е родена во Полска, за саботирање на неговата претходна врска со девојката Ребека, како и за уценување да останат заедно. Централниот бек, кој ја освои светската титула со Германија во 2014 и Лигата на шампионите со Баерн во 2013 и 2020, покрај ова, е обвинет за напад во посебен случај од уште една поранешна девојка – Шерин Зенлер, но случајот е ставен на пауза поради ограничувањата во Германија поради пандемијата на Ковид-19.
Спорт
ЕУРО 2020 ќе се одржи само во Англија

Европската фудбалска унија (УЕФА) сериозно ја разгледува можноста, ЕУРО 2021, да биде организирано во една држава. Пандемијата на коронавирусот е сериозна закана за плановите на УЕФА, дека Европското првенство да биде организирано во 12 градови низ континентот.
Челниците на УЕФА биле блиску до одлуката, организацијата на ЕУРО 2020 да и биде доделена на Англија. Конечната одлука, УЕФА, треба да ја донесе во април.
ЕУРО 2020 ќе се одржи од 11.јуни до 11.јули.
Пласман на ЕП избори и репрезентацијата на Македонија. Македонските фудбалери, според првично објавениот распоред првите два натпревари треба да ги одиграат во Букурешт, против Австрија на 13.јуни и Украина, четири дена подоцна, а третиот натпревар во Амстердам, против Холандија, на 21.јуни.
Спорт
ПСЖ: Нејмар и Мбапе ќе добијат нови договори

ПСЖ биле на добар пат да ги продолжиат договорите со двете најголеми ѕвезди во тимот, Нејмар и Килијан Мбапе. Спортскиот директор на клубот, Леонардо, за француските медиуми, рекол дека преговорите се движеле во добра насока.
Договорите на Нејмар и Мбапе со ПСЖ истекуваат во јуни 2022 година. Неодамна се појави информацијата дека Нејмар ќе го продолжи договорот до 2026 година.
„Ако прашувате за Нејмар, тука сме на вистинскиот пат. Но договорот е завршен кога ќе се стават потписите, а тоа се уште не се случило“, рекол Леонардо.
Многу потешки ќе бидат преговорите со Мбапе.
„Разговараме. Подолг период разговараме. Ќе дојдеме и до ситуацијата кога мораме да заземеме позиција, кога ќе мораме да донесеме одлука. Мислам дека се ближиме до дој момент. Разговорите добро ги започнавме“.
Спортскиот директор на ПСЖ, рекол дека клубот ќе им понуди нови договори на уште двајца фудбалери, Анхел Ди Марија и Хуан Бернат.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер