Спорт
Лејкерси несигурни и на втората позиција во дивизијата
Актуелниот шампион во НБА, ЛА Лејкерс загуби на гостувањето во Портланд со 93:86. Првото место во западната дивизија уште претходно го загуби од Сан Антонио, а сега Далас е сосема блиску да му го преземе и второто
Во „Роуз Гарден Арената“ Блејзерси пред почетокот на последната четвртина водеа со 74:62 и тоа им беше доволно да го приведат мечот до конечна победа. За Портланд Ламаркус Олдриџ постигна 24 поени и 11 скокови, а Џералд Волис 19 поени и 13 скокови. Во екипата на Лејкерси Коби Брајант беше најефикасен со 24 поени, Ламар Одом оствари дабл дабл со 13 поени и 14 скокови, По Гасол имаше 13 скокови но само 8 поени.Во другете синоќешни натпереавари беа постигнати следните резултати:Њу Џерси – Њујорк 93:116 (Брук Лопез 27 п. / Кармело Ендони 25 п. 14 ск. Чонси Билапс 22 п.);Индијана – Атланта 114:102 (Дени Гренџер 28 п. 7 ск. Дерин Колисон 16 п. 10 ас. Рој Хиберт 14 п. 11 ск. / Џеф Тигуе 21 п. Заза Пачулија 10 п. 11 ск.);Филаделфија – Торонто 98:93 (Елтон Бренд 22 п. 8 ск. Тадеуш Јанг 20 п. / Демар Дерозен 27 п. , Џерид Бејлес 24 п. 8 ас. )Кливленд – Чикаго 82:93 (Џеј Џеј Хиксон 22 п. 15 ск. / Карлос Бузер 24 п. 11 ск.);Детроит – Милвоки 110:100 (Крис Вилкокс 27 п. 13 ск. / Брендон Џенингс 31 п.);Мајами – Шарлот 112:103 (Крис Бош 27 п. 10 ск. Двејн Вејд 27 п. Леброн Џејмс 23 п. 7 ск. 9 ас. / Квејм Браун 23 п. 13 ск.)Бостон – Вашингтон 104:88 (Пол Пирс 22 п. 12 ск. Ражон Рондо 20 п. 14 ас. / Џон Вол 20 п. 10 ск. Андреј Блач 20 п. 7 ас.)Мемфис – Сакраменто 101:96 (Зек Рендолф 27 п. 15 ск. / Семјуел Далембер 17 п. 16 ск. Џејсон Томсон 15 п. 12 ас.)Њу Орлеанс – Феникс 109:97 (Вили Грин 31 п. Тревор Ариза 21 п. 8 ск. / Џерид Дадли 18 п. 7 ск.)Оклахома – Денвер 104:89 (Кевин Дурант 28 п. 7 ск. Расел Вестбрук 17 п. 8 ас. / Нене Хиларио 18 п. 9 ск. Кевин Мартин 14 п. 13 ск.), и Далас – Л.А. Клиперс 107:96 (Дирк Новицки 20 п. 8 ск. Кори Броер 20 п. 6 ск. / Мо Вилијамс 29 п. 5 ск. 6 ас. Блејк Грифин 23 п. 9 ск.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн го контактирале Арсен Венгер
Баерн се уште е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Томас Тухел на крајот од сезоната. Многу имиња „циркулираа“ низ клубот од Минхен, кандидати беа и Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Зинедин Зидан, но конкурсот се уште е отворен.
Германските медиуми открија дека клупата на Баерн му била понудена и на легендарниот Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал.
„Долго време не сум во фокусот и мислам дека во овој момент то а не ми е потребно. Јас сум во пензија. Им се заблагодарив на челниците на клубот од Минхен кои се сетија на мене, но мислам дека е време да најдат помлад тренер, кој ќе ја врати старата слава“, откри легендарниот француски тренер.
Поранешниот менаџер на Арсенал вели дека најдобро решение за Баерн би било доколку го ангажираат Зинедин Зидан, кој со Реал покажа дека е роден да освојува трофеи.
„Голем број на клубови ќе бараат тренери во овој преоден рок. Ќе им биде тешко на моите колеги да решат каде ќе одат. Мислам дека најдобро решение за Баерн би бил Зинедин Зидан, но прашање е дали тој сака да работи во Германија, бидејќи мислам дека проблем би бил што тој не зборува германски“, изјави Арсен Венгер.
Спорт
Клоп: Многу ми е жал, се извинувам
Ливерпул, со поразот од Евертон, претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби Евертон на „Гудисон Парк“, по пауза од 14 години ги победи црвените: Од 2010 година ова е втора победа на „карамелите“ над Ливерпул.
Шампионскуте сништа на Ливерпул се чини ги згаснаа Брејтвајт и Калверт-Лувин, кои беа стрелци во победата 2:0.
Ливерпул сега заостанува три бода зад Арсенал на врвот на табелата, а третопласираниот Манчестер Сити има четири бода помалку од Арсенал, но и два натпревари помалку. До крајот на првенството остануваат само уште четири кола.
Јирген Клоп, последната сезона во Ливерпул сакаше да ја заврши со шампионска титула, но сега е извесно дека ќе мора да се задоволи само со еден и најмалку важен трофеј, Лига купот.
Свесен дека трката за титулата во Англија е практично изгубена, по поразот во дербито на Мерсисајд, тој рече: „Ова не беше доволно добро… Навистина сочувствувам со фановите и многу ми е жал. Се извинувам“.
Спорт
(Видео) Мајами победи во Бостон, Оклахома го згази Њу Орлеанс
Мајами го изедначи резултатот против Бостон на 1:1, а Оклахома победе со 2:0 во серијата против Њу Орлеанс.
Мајами и без Џими Батлер победи во Бостон со 111:101. Мајами против најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната постигна 23 тројки, што е рекорд на франшизата во плеј-офот.
Тајлер Хиро погоди шест тројки, а Кејлеб Мартин пет, тие беа и најефикасни во редовите на франшизата од Флорида.
Хиро постигна 24 поени со 14 асистенции и пет скока, додека Мартин додаде 21 поен, колку што имаше и Бем Адебајо, кој додаде и десет скока со две асистенции. Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ забележа 11 поени (тројки 3/4), девет скока и шест асистенции.
На другата страна Џејлен Браун постигна 33 поени со осум скока и асистенции, додека Џејсон Тејтум имаше учинок од 28 поени со осум скока и три асистенции.
Оклахома максимално ја искористи предноста на домашниот терен во пресметката со Њу Орлеанс.Тандери го декласираа противникот со 124:92.
Шаи Гилџис-Александер, кандидат за МВП признанието, повторно беше првата виолина на Тандер.
Тој постигна 33 поени со три скока и пет асистенции и две украдени топки. Расположен беше и Чет Холмгрен кој постигна 26 поени со седум скока и асистенција, додека Џејлен Вилијамс додаде 21 поен.
На другата страна, Јонас Валанчиунас постигна 19 поени, Брендон Играм и Херберт Џонс додадоа по 18, додека Си Џеј МекКолум постигна 15 поени.