Контакт

Спорт

Интер и Тотенхем уште еднаш поразени

Објавено пред

Ланскиот победник во Лигата на шампионите Интер доживеа уште еден пораз во четвртфиналето од Шалке 04, а истата судбина но на домашен терен ја сподели и Тотенхем кој ба „Вајт Харт Лејн“ беше совладан од Реал

dobivaj vesti na viber

Најголемото изненадување во годинешниов циклус натпревари во Лигата на шампионите, германскиот претставник Шалке 04 се пласираше во полуфиналето каде ќе има двобој со Манчестер јунајтед. Реал Мадрид, пак, со пласманот им овозможи на фудбалските фанови овој месец да проследат вкупно четири „Ел Класико“, односно дуели со вечниот ривал Барселона: еден меч во првенството на Шпанија, фианлето во Копа дел Реи и двата во полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите. Шалке по победата во Милано од 5:2 беше практично полуфиналист, и покрај заканите на Интер дека може да изненади како што тоа го стори на гости во осминафиналето против другиот германски претставник Баерн Минхен, иако по првиот меч на „Сан Сиро“ имаше негатива. шампионот беше разбиен со вкупен резултат 7:2, откако вечерва Германците славеа повторно, овојпат со скромните  2:1. Се покажа дека попусто беше куражењето на Леонардо дека може да се направи изненадување, кога ни самите фудбалери не веруваа во тоа, а пак и играчки не се поодготвени за такво нешто. Творец на победата на Шалке беше Раул Гонзалес, кој по првото полувреме кога Интер се обидуваше да дојде во водство, во 45. минута откако претходно неколкупати си поигра со гостинската одбрана, велемајсторски го совлада Хулио Сезар заобиколувајќи го  откако ги остави да „висат“ последните играчи од последнито одбранбен ред на Интер. Ова беше 71 гол на Раул во Лигата на шампионите, или 72 во сите европски натпреварувања и е водечки на вечната табела на стрелците во ЛШ, со два гола предност пред Филипо Инзаги и пет пред Андри Шевченко. Но Раул, имаше огромен придонес и при постигнувањето на победничкиот погодок во 81 минута кога ги надмудри противниците давајќи одлична топка во празно за Бенедикт Хеведес. Претходно Интер успеа само да изедначи во 49 минута преку Тиаго Мота.Откако во првото полувреме гостите од Милано имаа само една поизразена прилика, и тоа по шут на Дејан Станковиќ (еден од петте кои завршија во рамките на голот од вкупно 20-те на Интер) кој беше фантастично одбранет од домашниот репрезентативен голман Неуер, Леонардо најпосле се сети во игра да го внесе Горан Пандев, што се чини повеќе беше очајнички обид затоа што целиот тим на „нераѕирите“ беше демотивиран и вќе помирен со судбината.Во Лондон, пак, Реал допатува со големи 4:0 и четата на Жозе Мурињо покажа дека само куртоазија беа претходно даваните изјави дека треба да се биде претпазлив во дуелто со Тотенхем. Секако ова потекнуваше најмногу од фактот што „спарсите“ до вечерва една година не беа поразени на нивниото игралиште, но вечерва на голот беше малерозниот бразилски голман Еурелио Гомеш кој со катастрофалната реакција на еден млак шут право во него упатен од Кристијано Роналдо успеа да ја смести топката во својата мрежа. Тоа се случи на почетокот од второто полувреме, откако Пављученко во првото полувреме промаши неколку убави прилики од кои најголемата во 25-та минута кога од десет метри осамен шутираше преку голот откако беше проигран од Ленон а во 60-та повторно по проигрување од Рафаел ван дер Ваарт од пред петерецот со глава шутираше над голот. Сепак со играта Тотенхем не ги разочара своите навивачи, и во текот на мечот на моменти беше и подобар противник, додека, пак, односот на играчите на Реал покажа дека Мурињо не дозволува опуштање во пресрет на дуелите со Барса.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Замената за Клоп Ливерпул ја најде во Лисабон

Објавено пред

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.

dobivaj vesti na viber

Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.

Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.

Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.

„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.

Прикажи повеќе...

Спорт

УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП

Објавено пред

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.

dobivaj vesti na viber

Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.

„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.

На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.

Прикажи повеќе...

Спорт

Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?

Објавено пред

Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.

dobivaj vesti na viber

Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.

Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.

Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.

Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.

Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.

Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.

Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија3 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион4 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион4 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа4 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет5 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа5 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија17 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија19 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија20 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија21 час

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија23 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ24 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија24 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...