Спорт
Првото „Ел Kласико“ заврши мирољубиво
Првиот од серијата мечеви меѓу шпанските фудбалски гиганти заврши со поделба на бодовите 1:1, по што само чудо може да ја спречи Барселона да ја потврди титулата во Примера
Мечот на „Сантјаго Бернабеу“ не донесе гледлив фудбал, имајќи ги предвид сите фудбалски ѕвезди во составите на Реал и Барса. Синоќа во Мадрид играчите од двете екипи со стартовите покажаа колкава е нетрпеливоста меѓу вечните ривали, а тоа спречи да се равие убав фудбал.Двата гола паднаа од пенал, Лионел Меси во 53 минута реализирашеза водство на Барселона, а бодот на Реал му го обезбеди Кристијано Роналдо исто така од 11 метри во 82 минута.Двете екипи по меќот се поќалија на арбитражата на судијата Муниз Фернандез. Домаќините забележуваат за исклучувањето на Рaул Албиол во минутата кога Барселона дојде во водство, додека гостите за недосудениот пенал во 27 минута кога голманот на Рeал Икер Касиљас го собори во шеснаесетникот Давид Виља. Барселона од почетокот на мечот воспостави доминација во поседот на токпата, додека Реал постојано играше со сите играчи на својот дел од игралиштето со само двајца истурени напаѓачи, но забележливо беше што во текот на меќот „кралевите“ успеаја само еднаш да направат вистинска шанса но не успеаја да ја реализираат, и тоа во 45 минута кога Рамос со глава префрли до Роналдо кој исто така шутираше на голот на Барса а од гол-линијата топката ја исфрли Адриано.На спротивната страна, за одбележување се двеете шанси на Меси, во 19 минута кога се обиде со лоб удар, и во 43 минута кога откосо од 10-ина метри шутираше но Касиљас одлично одбрани.Во второто полуврме Реал ја имаше првата шанса кога во 50 минута Роналдо од 20 метри од слободен удар ја погоди стативата. Но веднаш следуваше контраудар, во 53 минтуа една од безбројте на овој меч длабински топки на каталонците дојде до Виља кој кој му побегна на Албиол а овој го собори во 16-никот, по што Барса дојде во водство а Реал остана со играч помалку.Веднаш по голот, Барселона се обиде да ја парализира играта, што го искористи Реал и со упорност дојде до изедначување кога во 82 минута Роналдо го реализираше пеналот.До крајот мечќот доби на жестина и двете екипии имаа по една шанса за победа, со тоа што шансата на Реал што ја започна Месут Озил кој влезе во второто полуврме кој додаде до Емануеле Адебајор а овој го пронајде Кедира шутираше право во Виктор Валдез. Вчерашниот натпревар беше првиот од вкупно четирите соочувања кои Реал и Барселона ќе ги имаат во следните 18 дена. Сега Барселона на шест кола до крајот на првенстото има осум бодови предност пред Реал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.