Спорт
Дел Пјеро уште една година во Јуве

Алесандро Дел Пјеро (36 г.) кој во Јувентус има одиграно преку 500 натпревари од 1993 година, го продолжи договорот со „Старата дама“ за уште една година.
Алесандро Дел Пјеро (36 г.) кој во Јувентус има одиграно преку 500 натпревари од 1993 година, го продолжи договорот со „Старата дама“ за уште една година.„Десетката“ на Јувентус со оглед на тоа што се ближи кон четириесетата година, прифати да настапува уште една сезона но за четири пати помала плата. Новиот договор на Јувентус со Дел Пјеро тежи само еден милион евра. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер го сака Дибала, но под други услови

Пауло Дибала летово го напушти Јувентус откако не успеа да се договори со околу новиот договор. Дибала, според Јувентус, барал премногу пари, поточно годишна плата од 10.000.000 евра. Аргентинецот веруваше дека некој друг клуб ќе ги исполни неговите финансиски барања, но преговорите со заинтересираните клубови не одат според неговите планови.
Медиумите пишуваа дека неговиот трансфер во Интер е речиси завршена работа, а потоа раководството на миланскиот клуб реши да ги промени условите што му ги нуди. Интер решил да ја промени должината на договорот, наместо четиригодишен договор, клубот на Дибала му понудил едногодишен договор со можност тој да биде продолжен уште три години.
Причина за ваквата одлука се честите повреди кои ја следат целата кариера на Дибала, па ниту еден клуб не сака да даде огромни пари на фудбалер на кој нема да може секогаш да смета.
Оваа понуда не му се допаѓа на Дибала поради што неговите менаџери започнале преговори со Манчестер јунајтед, но ниту тој трансфер засега не е блиску до реализација.
Спорт
Донарума на голот, Навас на клупата за резерви

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтије, експресно реши една дилема, со која неговиот претходник се бореше во текот на целата сезона.
Минатата сезона никој не знаеше кој е прв голман на ПСЖ, Покетино речиси подеднакво ги користеше Џанлуиџи Донарума и Кејлор Навас, иако Италијанецот беше донесен да биде прв голман.
Покетино не сакаше само така да го исклучи Навас од приказната и тој бранеше на повеќе натпревари од Донарума.
Галтије ја реши дилемата, на голманите им соопштил дека прв голман ќе биде Донарума.
За очекување е дека по ваквата одлука на тренерот Костариканецот да побара трансфер, бидејќи тој не сака да му биде резерва на Донарума.
Спорт
Јунајтед ќе го продаде Кристијано Роналдо

Манчестер јунајтед, подготовките за новата сезона која ќе започне за четири недели, ќе ги спроведе на далечниот Исотк, во Тајланд и Австралија. Извесно е дека меѓу патниците ќе го нема Кристијано Роналдо. Португалецот пред неколку дена побарал трансфер, а потоа не се појави на првиот тренинг, наводно поради семејни причини.
Клупските челници се свесни дека не можат да го задржат Роналдо против негова волја. Исто така јасно им е дека ѕвезда каква што е тој може многу да ја наруши атмосферата во соблекувалната. Манчестер јунајтед, според медиумите биле подготвени да ги разгледаат понудите што ќе ги донесе менаџерот на Португалецот, Жорж Мендеш.
Суперагентот разговарал со Барселона, Наполи, Баерн, а во приказната влегува и Челси. Намерата на Роналдо е да игра во Лигата на шампионите.
Дали ќе се отворат некои врати, тешко е да се каже, поканата од Реал не доаѓа, иако не треба да се игнорира деловната смисла на Флорентино Перез.
Шпанските медиуми отидоа дотаму што го споменаа Атлетико, омилената жртва на Роналдо додека играше во Шпанија, но нема индикации дека ниту клубот, ниту играчот размислуваат за тоа.
Останатото решение би било да се откаже астрономската плата и да се врати во Спортинг од Лисабон, но тоа е веројатно последната опција.