Спорт
Поддршка на олимпизмот и спортот во Македонија
Во рамките на германско-македонските односи во областа на олимпизмот и спортот, од 11 до 16 мај 2011 година, лекарот по спортска медицина, проф. д-р Батке ќе престојува во Скопје за да врши обука за македонски доктори по спортска медицина.
Во рамките на германско-македонските односи во областа на олимпизмот и спортот, од 11 до 16 мај 2011 година, лекарот по спортска медицина, проф. д-р Батке ќе престојува во Скопје за да врши обука за македонски доктори по спортска медицина.Поранешниот директор на Институтот за спортска медицина и превентива при Универзитетот Потсдам, олимписки лекар и автор на повеќе трудови, по налог на Германскиот Олимписки Комитет ќе го сподели своето обемно познавање по спортска медицина со македонски доктори по спортска медицина, и ќе информира за актуелни сознанија во областа на спортската наука.Соработка од таков вид меѓу Македонија и Германија не е нешто ново. Македонскиот олимписки комитет веќе неколку години успешно соработува со Германскиот олимписки комитет. На пример, во 2008, 2009 и 2010 година во Македонија престојуваа експертот по атлетка, ракомет, пливање, одбојка и спортска медицина при што реализираа обука на македонските тренери и доктори по спортска медицина. Досегашната вредност на соработката и предадените неколку донации обезбедени за потребите на Македонскиот олимписки комитет достигнаа износ од околу 50 илјади евра. Покрај посетата на проф. д-р Батке, германската амбасада во Скопје годинава ќе организира и друг спортски настан: натпреварите на германската репрезентација и финалето на СП во фудбалот за жени од јуни до јули 2011 година во живо ќе се пренесуваат преку pulic viewing и со поканети гости.Оваа 2011 година не е само годината на мундијалот во фудбал за жени, туку и годината во која програмата за меѓународното унапредување на спортот на Министерството за надворешни работи го слави својот 50-ти јубилеј. Во тој период беа реализирани околу 1.300 долгорочни и краткорочни спортски проекти во околу 100 земји, а само во 2009 година беа инвестирани 5,3 милиони евра.крај/мок/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…