Спорт
Бундес лига: Кој ќе патува во втората лига?
Денеска со одигрувањето на натпреварите од 34-то коло ќе биде ставен крај на првенството во Бундес лигата за сезоната 2010/2011. Последното коло ќе донесе интересна борба на екипите кои се борат за опстанок во лигата, бидејќи на врвот е речиси се` познато.
Денеска со одигрувањето на натпреварите од 34-то коло ќе биде ставен крај на првенството во Бундес лигата за сезоната 2010/2011. Последното коло ќе донесе интересна борба на екипите кои се борат за опстанок во лигата, бидејќи на врвот е речиси се` познато. Борусија Дортмунд е новиот шампион, второпласиран е Баер Леверкузен, трет е Баерн Минхен кој ќе игра квалификациите во Лигата на шампионите. Германија следната сезона во Лига Европа ќе ја преставуваат Хановер, Мајнц и победникот во купот. Токму поради тоа многу интересно ќе биде во борбата за опстанок, сигурно е само дека Бундес лигата ја напушта Санкт Паули. Во најлоша положба е Ајнтрахт, чии дрес го носта Македонците Ока Николов и Александар Васоски. Ајнтрахт му гостува на новиот шампион, но дури ни со победа оваа екипа не е сигурна дека ќе остане во лигата. Борусија Менхенгладбах ќе се обиде да победи во Хамбург и на тој начин да го избегне баражот за опстанок во лигата, а иста цел има и шампионот од пред две сезони Волфсбург, оваа екипа гостува кај Хофенхајм. Бундес лига 34-то коло, комплетни двојки: Баерн Минхен-ШтутгартКелн-ШалкеФрајбург-Баер ЛеверкузенХофенхајм-ВолфсбургКајзерслаутерн-ВердерБорусија Дортмунд-АјнтрахтХановер-НинбергМајнц-Санкт ПаулиХамбургер-Борусија МенхенгладбахСите натпревари започнуваат во 15:30 часот. крај/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.