Спорт
Новак го загрозува рекордот на Мекинро и првото место на Надал
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со триумфот на мастерсот во Рим над Рафаел Надал од 6:4, 6:4 во финалето, ја забележа својата 77-ма последователна победа на АТП турнирите
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со триумфот на мастерсот во Рим над Рафаел Надал од 6:4, 6:4 во финалето, ја забележа својата 77-ма последователна победа на АТП турнирите од почетокот на годинава и полека се приближува кон апсолутниот рекорд на Џон Мекинро од 42 победи.За израмнување на рекордот ќе му биде потребно да го освои и Ролан Гарос. Новак победи на седум турнири оваа година, потребен му е само уште еден, но…Како и искачувањето на Еверест, последните чекори кон врвот секогаш се најтешки. Иако годинава дури четири пати го победи Надал, тенисер кој што благодарејќи на ланските успеси сè уште го држи врвот на АТП листата, а трипати Федерер кој е вон форма, сепак Ролан Гарос е Ролан Гарос. Тука се игра и по пет сетови, се игра и против традиции.Новак на неколку натпревари беше блиску до пораз, посебно на последниот меч со Мареј, но покажа исклучителна психичка стабилност и зрелост, па доколку на Отвореното првенство на Франција уште еднаш го освои големиот пехар, конечно покрај рушењето на Мекинроовиот рекорд има шанса и во наредните недели да ја преземе позицијата број 1 која веќе и ја заслужи. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.
Спорт
Јувентус најде тренер за следната сезона
Болоња е хитот на сезоната во Серија А. Тимот кој од клупата го предводи Тиаго Мота се бори за место во Лигата на шампионите. Она што е извесно е дека Мота на крајот од сезоната ќе ја напушти Болоња.
Медиумите на Апенинскиот полуостров го поврзуваа со Милан, но тоа нема да се случи. Поранешниот фудбалер на Интер, во овој момент е најблиску до клупата на Јувентус.
Мота ќе го наследи Масимилијано Алегри од чија работа во клубот од Торино не се задоволни.
До пред два месеци Јувентус се тркаше со Интер за шампионската титула, но откако на последните осум натпревари „старата дама“ забележа една победа, тимот на Алегри сега се бори за второот место со Милан.
Наводно, челниците на Јувентус и Алегри спогодбено ќе го раскинат неговиот договор кој важи до јуни 2025 година. За да се реализираа ова работа, двете страни треба само да ја договорат оштетата која ќе му биде исплатена на тренерот.
Спорт
Проблеми за Сити пред дербито со Арсенал – шестмина првотимци повредени
Пеп Гвардиола го нарече предизвикот да се одбрани тројната круна „невозможен“, но неговиот Манчестер сити сè уште е во конкуренција за сите три големи трофеи. Во Премиер лигата заостанува бод зад лидерите Ливерпул и Арсенал, во полуфиналето на ФА Купот Сити игра против Челзи, додека во Лигата на шампионите трета сезона по ред игра против Реал Мадрид.
Во недела, Сити ќе го одигра еден од најзначајните натпревари во сезоната, во Манчестер доаѓа Арсенал.
Репрезентативната пауза му донесе големи проблеми на Гвардиола. Шестмина со повреди се вратија воклубот. Станува збор за норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, Англичаните Џон Стоунс и Кајл Вокер и двајцата Португалци Рубен Дијаш и Бернардо Силва.
Сите тие се под знак прашалник за големото дерби каде Сити може да го прескокне тимот на поранешниот помошник на Гвардиола, Микел Артета. Заедно со шестмината, репрезентативната пауза поради претходни повреди ја прескокнаа и Кевин Де Брујн и Мануел Аканџи.