Контакт

Спорт

НХЛ: Атланта Трашерс се селат во Винипег

Објавено пред

Професионалната хокеарска екипа Атланта Трашерс доби нови сопственици и се сели во Винипег.Канаѓаните Марк Чипман и Дејвид Томсон го купија НХЛ клубот од Атланта кој тонеше во долгови, за 170 милиони долари.

Професионалната хокеарска екипа Атланта Трашерс доби нови сопственици и се сели во Винипег.Канаѓаните Марк Чипман и Дејвид Томсон го купија НХЛ клубот од Атланта кој тонеше во долгови, за 170 милиони долари. Со тоа по пауза од 15 години хокејот се враќа во канадската покраина Манитоба. Винипег имаше тим до 1996 година но старата сала и долговите беа причина истата да се пресели во Феникс и да го земе името Којоти. Чипман сопственик на продавници за трговија со автомобили и недвижности и Томсон кој ја поседува новинската компанија Томсон Ројтерс, сакаа да ги вратат Којотите назад но не успеаја, па Атланта Трашерс беше втората прифатлива опција.Сега во Винипег има нова сала со 15 илјади места за седење па се очекува оваа преселба да биде потврдена од управниот одбор на НХЛ.  /крај/макфакс/.м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Фавр: Буџетот за засилувања на Баерн е за 150 милиони поголем од нашиот

Објавено пред

Тренерот на Борусија Дортмунд Лусиен Фавр рекол дека клубот мора да си постави реални цели со оглед на моќта која ја има големиот ривал Баерн Минхен.

Баерн со години доминира во Бундеслигата, пред две недели тие ја освоија седмата последовна титула во домашниот шампионат, вкупно 30 во клупската историја.

Борусија Дортмунд последен пат биле шампиони со Јирген Клоп, во 2012 година. Во последните две сезони „милионерите“ првенствената трка ја завршуваа зад Баерн.

„Ќе продолжиме да си поставуваме високи цели, но во исто време тие треба да бидат реални. Не сакам да посочувам на фактот дека Баерн за засилувања има буџет кој е за 150 милиони евра поголем од нашиот. Не смееме да замижеме пред овој податок“, рекол Фавр за „Билд“ и проговорил за штотуку завршената сезона.

„Бевме блиску до титулата. Сепак не смееме да заборавиме дека вториот дел од сезоната што го одигра Баерн е најдобар во нивната историја. Во исто време можевме да видиме екстремен напредок кај Лајпциг, Менхенгладбах и Баер Леверкузен. Не ни беше загарантирано второто место.“

Лусиен Фавр и во наредната година ќе остане тренер на „милионерите“, неговиот договор истекува во јуни 2021 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рели шампионатот ќе продолжи во септември

Објавено пред

Светското првенство во рели ќе продолжи во септември објави ФИА. Поради коронавирусот сезоната беше прекината по само три извозени трки. Ре-стартот на сезоната ќе се случи во Естонија.

Прв пат во историјата Естонија ќе биде домаќин на најдобрите рели возачи. Релите на програмата ќе биде од 4 до 6 септември.

ФИА најави дека до крајот на сезоната ќе се возат уште најмалку пет трки, по трката во Естонија планирани се трките во Турција (24-27 септември), Германија (15-18 октомври), Италија (29 октомври-1 ноември) и Јапонија (19-22 ноември).

Трките во Белгија (2-4 октомври) и Хрватска остануваа опции за дополнување на календарот.

ФИА соопшти дека оваа година нема да се вози трката во Аргентина.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците им биле направени во Белград.

Ѓоковиќ и неговата сопруга не чувствувале никакви симптоми на вирусот, а тестот го направиле по претходен договор со лекарите.

Изминатите десет дена, по враќањето од Задар, Новак и Јелена Ѓоковиќ беа во само изолација, следејќи ги сите протоколи и безбедносни мерки во врска со Ковид-19.

Минатиот вторник, по враќањето од Задар, тестовите кои ги направија сопружниците покажаа дека тие се позитивни на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија19 минути

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Спорт3 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија4 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија5 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет6 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет6 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија7 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет7 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија7 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет7 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет7 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет7 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет19 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Досие