Контакт

Спорт

Мекларен нов тренер на Нотингем Форест

Објавено пред

Поранешниот селектор на англиската фудбалска репрезентација Стив Мекларен е нов тренер на Нотингем Форест на местото на Били Дејвис.

Поранешниот селектор на англиската фудбалска репрезентација Стив Мекларен е нов тренер на Нотингем Форест на местото на Били Дејвис.Нотингем оваа година не успеа да се врати во Премиер лигата бидејќи во мајсторката беше елиминиран од Свонси.Мекларен потпиша тригодишен договор. Цел му е веќе првата година да го одведе клубот назад во Премиер лигата, а во наредните две години да се обиде да ги постигне поранешните успеси на клубот кој беше во 1978 година првак на Англија, а во 1979 и во 1980 победи во Купот на прваците (Лига на шампионите).Мекларен покрај селектор на Англија, беше тренер и на Мидлсброу, Дерби Каунти, помошник тренер во Манчестер Јунајтед, а во последно време работеше надвор од островот, во Волфсбург и Твенте со кој стана првак на Холандија. /крај/Макфакс/.м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лазаров: Уште една година и доста е!

Објавено пред

Во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, македонскиот капитен Кирил Лазаров признава дека се приближува до крајот на својата кариера, велејќи дека било совршено логично да потпише договор на само една сезона со Нант.

„Мислам дека тоа е крај. Веќе нема смисла. Но, ќе останам во спортот како тренер. Кога веќе играм за Нант, кажав дека ќе играм и за репрезентацијата. Којзнае, можеби за 10 години ќе бидам на клупата на ППД Загреб, клубот кој ми даде многу во кариерата“, вели Лазаров.

Лазаров има 40 години и ќе биде најстариот ракометар во Лигата на шампионите, откако кариерата ја почна во далечната 1995 година во Борец од Велес. Негов прв интернационален клуб беше хрватскиот ППД Загреб, каде што играше од 2000 до 2002, а по пет сезони во Веспрем, повторно се врати во 2007 година во хрватската престолнина. Со Суидад Реал тој го освои трофејот од Лигата на шампиони, а од 2017 година отиде во Нант.

„Кога првпат заминав од Македонија го избрав Загреб, бидејќи е клуб кој има традиција. Секогаш сум велел дека Загреб е еден од најомилените градови во кои сум живеел“, додава Лазаров.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

Објавено пред

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално четири гледачи ќе може да седат еден до друг со празно седиште меѓу две групи, објавија организаторите на францускиот опен.

Претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ), Бернар Жудикели, изјави дека ова правило ќе важи за главните терени, а на споредните ќе има по едно празно место меѓу секој гледач на турнирот, кој полнува на 27 септември. Ова значи дека 20.000 гледачи ќе има во првите кола на гренд слемот и 10.000 гледачи на финалето.

„Одиме на одговорната опција. Ако ситуацијата се подобри, ќе бидат достапни нови билети во септември“, вели Жудикели, кој додаде дека сите гледачи ќе мора да носат заштитни маски.

Францускиот опен беше преселен од мај-јуни во септември поради Ковид-19, а пред турнирот во Париз, ќе се одржи и САД опен во Њујорк од 31 август до 13 септември.

Прикажи повеќе...

Спорт

Интер го претстави Ашраф Хакими

Објавено пред

Интер и официјално потврди дека потпишал петгодишен договор со бекот Ашраф Хакими од Реал Мадрид за зделка што може да го чини до 45 милиони евра.

„Ашраф Хакими е официјално фудбалер на Интер. Мароканецот, кој е роден во 1998, доаѓа кај ’неаѕурите’ со трансфер од Реал Мадрид и со договор до 30 јуни 2025 година“, објави Интер на својата веб-страница.

21-годишниот Хакими, кој последните две сезони ги помина на заем во Борусија Дортмунд, каде што постигна 12 гола и 17 асистенции во 72 настапа, наводно ќе заработува по 5 милиони евра од сезона.

Иако е роден во Мадрид, Хакими е марокански репрезентативец со 28 настапи за африканската нација. Со сума од 40 милиони евра и 5 милиони евра бонуси, тој е најскапиот дефанзивец во историјата на „неаѕурите“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик кој се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет3 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Македонија5 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија6 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија6 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Македонија7 часа

Утре ќе се разговара за затворање на границите со Србија и Косово

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на...

Спорт9 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија9 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија10 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет11 час

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет12 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија12 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет12 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија12 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет12 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет12 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет13 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет24 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Досие