Контакт

Спорт

Лион го одбра Реми Гард за тренер

Објавено пред

Олимпик од Лион на местото на Пауел го постави Реми Гард за тренер.Реми Гард (45 г.) има играчка кариера, настапуваше за Олимпик (1987-93)

Олимпик од Лион на местото на Пауел го постави Реми Гард за тренер.Реми Гард (45 г.) има играчка кариера, настапуваше за Олимпик (1987-93), за Стразбур (1993 – 96) и за Арсенал (1996-99), но нема искуство како тренер освен како помошник тренер.Лион беше првак на Франција седум години по ред од 2002 до 2008 година. Минатата година беше само трет иако клубот е најбогат во француската лига../крај/Макфакс/.м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Милан ги згасна шампионските сништа на Лацио (Видео)

Објавено пред

Лацио доживеа тежок пораз од Милан во дербиtо на 30 коло во Серија А. Милан на Олимпико го победи претендентот на шампионскиот трон со 3:0. Лацио сега има седум бода помалку од Јувентус и четири повеќе од Интер кој на третото место има и натпревар помалку.

Милан по катастрофалниот меч кој го одиграа против СПАЛ успеаја да доминирата на Олимпико во текот на целиот меч.

Победникот, против противникот кој играше без класичен напаѓач, го решија во првиот дел кога Страхоша го совладаа Чалханоглу и Ибрахимовиќ од пенал. Конечниот резултат го постави Ребиќ во 59 минута. Хрватот влезе во игра на почетокот на второто полувреме на местото на Ибрахимовиќ.



Прикажи повеќе...

Спорт

Баерн го освои Купот на Германија (Видео)

Објавено пред

Баерн Минхен со победата над Баер Леверкузен 4:2 го освои Купот на Германија. Бававарците освоија нова двојна круна во Германија, а во август ќе се обидат да ја освојат и Лигата на шампионите.

Кој ќе го освои трофејот во Купот беше јасно по само 24 минути игра кога Баерн со головите на Алаба и Гнабри стигна до предност од 2:0.

По еден час игра Баерн имаше предност од три гола. Левандовски со одличен волеј го постигна својот 50 гол во сезоната.

„Фармацевтите“ го намалија резултатот во 64 минута преку Бендер.

Левандовски во претпоследната минута со својот втор гол ја врати предноста од три гола за Баерн, а конечниот резултат од пенал го постави Хаверц во 95 минута.

Баерн вечерва го освои 20 трофеј во Купот.



Прикажи повеќе...

Спорт

„Биковите“ немоќни против Јувентус (Видео)

Објавено пред

Фудбалерите на Јувентус ја продолжија победничката серија по ре-стартот на сезоната. Јувентус попладнево лесно го добија градскиот ривал Торино со 4:1.

Дека нема да дозволат изненадување фудбалерите на Јувентус на противникот му покажаа по нецели 180 секунди игра кога Дибала со мала помош на еден игра на Торино го совлада Сиригу.

Јувентус предноста ја зголемија во 29 минута кога меѓу стрелците се запиша Квадрадо по асистенцијата на Роналдо.

Длабоко во судиското надополнување на времето во првиот дел, во 51 минута, Торино добија пенал кој во гол го претвори Белоти.

Во 61 минута Роналдо постигна гол од слободен удар. Ова е прв гол од слободен удар за Португалецот по пауза од две и пол години.

Конечниот резултат го постави Џиџи со авто-гол во 87 минута.



Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија13 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа13 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија15 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион16 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија16 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа17 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт18 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион18 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет20 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет21 час

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет21 час

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет21 час

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет1 ден

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет1 ден

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија2 дена

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 дена

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија2 дена

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Досие