Спорт
Тројца Европејци меѓу топ десет пиковите на НБА драфтот
Кајри Ирвинг е избран како прв пик на годинешниот драфт во НБА лигата. Досегашниот играч на универзитетот Дјук е избран од страна на Кливленд Кавалирс.
Кајри Ирвинг е избран како прв пик на годинешниот драфт во НБА лигата. Досегашниот играч на универзитетот Дјук е избран од страна на Кливленд Кавалирс. Како пик број два е избран кошаркарот на Аризона, Дерик Вилијамс, кој замина во Минесота. Турчинот Енес Кантер од универзитетот Кентаки како трет пик заврши во екипата на Јута. Второто право на избор во првата рунда, екипата на Кливленд го искористи за да го драфтува за да го ангажира крилниот центар на Тексас, Тристан Томпсон. Торонто како петти пик избра уште еден играч од Европа, литванскиот центар Јонас Валанцијунас. Пик број шест е поранешниот играч на белградски Партизан, Чехот, Јан Весели, тој е избран од страна на Вашингтон. Момчето кое е родено од Конго, Бизмарк Бијомбо заврши во Сакраменто како седми пик, Детроит како осми го избра бекот Брендон Најт од Кентаки. Топ десет пиковите ги комплетираа Кемба Вокер, бекот на Конектикат, кој е избран од Шарлот и Џимер Фредете од универзитетот Бригам Јанг. Во првата рунда на драфтот се избрани уште двајца кошаркари од Европа, Литванецот Донатас Мотијунис, како 20 пик заврши во Минесота и Црногорецот Никола Миротиќ кој како 23 пик е избран од Хјустон. Европските пикови во втората рунда на драфтот беа Бојан Богдановиќ (Хрватска, 31, Мајами), Давис Бертанс (Летонија, 42, Индијана), Милан Мачван (Србија, 54, Кливленд) и Адам Ханга (Унгарија, 59, Сан Антонио). крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.