Контакт

Спорт

НБА: Данкан најави заминување во пензија

Објавено пред

Легендарниот центар на Сан Антонио Тим Данкан по сезоната 2011/2012 ќе оди во пензија.

Легендарниот центар на Сан Антонио Тим Данкан  по сезоната 2011/2012 ќе оди во пензија. Данкан (36 год.) ја одработува својата 15-та сезона во дресот на Спарси. Кога настапуваше заедно со Дејвид Робинсон оваа центарска двојка беше нарекувана „Кули близначки“. Спарси го одбраа Данкан на драфтот во 1997 година и со него освоија четири прстени. Неговиот последен договор завршува во 2012 година кога станува слободен агент. Но според клаузула во договорот доколку не оди во друг клуб и не настапува повеќе во НБА последната година ќе му биде исплатена со 21,2 милиони долари. Па славниот центар кој во кариерата има просек од 20,6 кошеви и 11,4 скокови по натпревар и кој што настапи на 13 Ол Стар мечеви, а 9 пати беше прогласуван за најдобар центар во НБА одлучи ова да биде неговата проштална сезона. крај/макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Леванте без „пожолтениот“ Барди ремизираше со Сосиедад (видео)

Објавено пред

Екипата во која настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди – Леванте предмалку одигра мирољубиви 1-1 против екипата на Реал Сосиедад во рамки на 34 коло од Ла Лига.

Барди денеска не беше во составот на Леванте, отслужуваше казна поради парни жолти картони, па екипите ремизираа.

Двата преостанати бод повеќе ќе им недостасуваат на гостите кои се борат за излез во Европа, додека Леванте е сигурен на 12-тата позиција на табелата.

Возбудувањата на мечот беа до 16-та минута.

Најпрво гостите од Сан Себастијан поведоа во 12 минута, стрелец на погодокот за 0-1 беше младиот Исак.

Погодокот за 1-1, кој се испостави дека е доволен за конечен резултат, го постигна Моралес на асистенција на Рочина во 16 минута.

Прикажи повеќе...

Спорт

Уште 35 играчи во НХЛ се позитивни на коронавирус

Објавено пред

Американско-канадската професионална лига во хокеј на мраз – НХЛ објави денеска дека во последните еден месец вкупно 35 играчи се позитивни на Ковид 19.

НХЛ додаваат дека тестирањата се спроведени во клупските објекти, од почетокот на индивидуалните тренинзи, на 8 јуни.

Оттогаш тестирани се 396 играчи, 23-ца биле позитивни на вирусот, јавува агенцијата „Associated Press“.

Истовремено, лигата дошла до податок дека одделните тестирања покажале дека се заразени уште 12 играчи.

Водството на НХЛ и синдикатот на играчите го договорија протоколот и мерките на претпазливост за да може од 1 август да продолжи сезоната која е прекината на средината на март.

Прикажи повеќе...

Спорт

Симеоне: ВАР им помага на тимови како Реал Мадрид

Објавено пред

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего (Чоло) Симеоне верува дека употребата на ВАР технологијата им оди во корист на тимовите кои повеќе напаѓаат, како во случајов со Реал Мадрид.

Кралскиот клуб на последните два меча во Ла Лига триумфираше благодарејќи на головите на Серхио Рамос од белата точка.

„Не сакам да се повторувам, но ВАР открива се. Претходно немаше можност некои работи да се воочат, се правеа грешки. Но вака е поправедно. Ако на некој тим му се досудуваат повеќе пенали, тоа е затоа што тој тим напаѓа повеќе и повеќе време поминува во противничкиот казнен простор, како што е случајот со Реал Мадрид. Некогаш судијата на терен не може да види што се случило, но сега има кој да го извести, за да провери одредена ситуација“ смета Симеоне.

Што се однесува за амбициите на неговиот тим за наредната сезона, Симеоне е задоволен од сработеното.

„Направивме добра работа во текот на паузата. Многу разговаравме и заедно работевме преку ЗУМ апликацијата за подготвени да го дочекаме излегувањето на терен. Имавме добри ротации, се адаптиравме на вистинскиот начин и на сите околности. Мора да продолжиме вака, се уште не е се завршено“ смета Симеоне.

Атлетико по продолжувањето на сезоната има 5 победи и 2 нерешени со што се наоѓа на третата позиција и речиси обезбеден пласман во ЛШ идната сезона.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија2 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет3 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион5 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија7 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија8 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија9 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија9 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион9 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија10 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија11 час

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион12 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ12 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура13 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија13 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион1 ден

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион1 ден

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава1 ден

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет1 ден

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт1 ден

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Досие