Контакт

Спорт

Лисицки-Шарапова во полуфиналето на Вимблдон

Објавено пред

Сабине Лисицки и Марија Шарапова ја формираа првата полуфинална двојка на женскиот дел од тенискиот грен слем на Вимблдон.

Сабине Лисицки и Марија Шарапова ја формираа првата полуфинална двојка на женскиот дел од тенискиот грен слем на Вимблдон. Лисицки во првото четврт финале, во три сета, со 6:4, 6:7, 6:1 ја совлада Марион Бартоли од Франција. Лисицки на овој начин стана само втората тенисерка во историјата на Вимблдон, која низ квалификациите стигнала до полуфиналето и прва Германка по 22 години, која се пласирала меѓу најдобрите четири тенисерки на турнирот. Противничка на Лисицки во полуфиналето ќе биде шампионката од 2004 година, Марија Шарапова. Руската тенисерка во четврт финалниот дуел ја збриша од теренот Доминика Цибулкова, победувајќи со 6:1, 6:1. Третата тенисерка која избори пласман во полуфиналето е Петра Квитова, која по еден час и 58 минути игра, со 6:3, 6:7, 6:2 ја победи Цветана Пиронкова од Бугарија. Противничка на Квитова во полуфиналето ќе биде подобрата од дуелот помеѓу Викторија Азаренка и Тамира Пашчек.   крај/макфакс/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тошевски потпиша за Ростов

Објавено пред

Напаѓачот на Работнички, Давид Тошевски (18), кариерата ја продолжува во рускиот клуб Ростов. Тошевски со Ростов потпиша петгодишен договор.

Тошевски е дете на Работнички минатат сезона одигра 21 натпревар постигна пет гола и забележа три асистенции. Тој е младински репрезентативец на Македонија.

Трансферот на официјалниот сајт го потврди и рускиот клуб Ростов.

Работнички не ја објави сумата за која талентираниот фудбалер замина во Ростов.

Според руските медиуми Ростов за напаѓачот шлатиле 900.000 евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Де Коло и Весели ќе останат во Фенербахче

Објавено пред

Нандо Де Коло, Јан Весели и Лео Вестерман и наредната сезона ќе го носат дресот на Фенербахче.

Весели и Де Коло се клучните кошаркари на Фенербахче и новната одлука да останат во Истанбул се толкува како прва голема победа за новиот тренер Игор Кокошков.

Тренерот кој на клупата го наследи Жељко Обрадовиќ во наредниот период ќе треба да го убеди во тимот да остане и Костас Слукас. Според турските медиуми тоа ќе биде тешко бидејќи тој веќе имал устен договор со поранешниот клуб Олимпијакос.

Инаку Фенербехче веќе го донесе првото засилување, тоа е Канаѓанецот Дајшон Пјер кој минатата сезона играше за Динамо Сасари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Би-би-си: Алонсо се враќа во Формула 1

Објавено пред

Двојниот светски шампион Фернадо Алонсо од наредната сезона повторно ќе вози во Формула 1 објави Би-би-си. Шпанецот ќе го вози болидот на Рено.

Алонсо пред две години ја напушти Формула 1, тој во кариерата два пати возеше за францускиот тим.

39 годишниот возач во кариерата возел и за Минарди, Мекларен и Ферари. Со Рено, Алонсо, во 2005 и 2006 година беше светски првак.

Во кариерата има 32 победи, а вкупно 65 пати се искачувал на победничкиот пиедестал, вкупно взел на 314 трки.

Алонсо во август ќе вози за Мекларен на легендарната трка Индијанаполис 500. Доколку победи ќе стане вториот возач кој победил на трите најголеми трки во авто-мото спортот. Покрај Индијанаполис 500 „светото тројство“ на автомобилизмот го формираат Големата награда на монако и 24 часа Ле Ман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион4 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија5 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион8 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија8 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија8 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија9 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија9 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет10 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија11 час

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет12 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион13 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија14 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет14 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет14 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија1 ден

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија1 ден

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет1 ден

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион1 ден

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија1 ден

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Досие