Спорт
Канаваро објави крај на кариерата
Освојувачот на „Златната топка“ и признанието за најдобар фудбалер на светот во 2006 година, поранешниот капитен на италијанската репрезентација, Фабио Канаваро денеска објави крај на кариерата.
Освојувачот на „Златната топка“ и признанието за најдобар фудбалер на светот во 2006 година, поранешниот капитен на италијанската репрезентација, Фабио Канаваро денеска објави крај на кариерата. Триесет и осум годишниот Канаваро од активната кариера се простува поради хроничната повреда на коленото. Рекордерот според бројот на настапите за Италија, вкупно 136, пред пет години ги предводеше „азурите“ до светската титула на Мундијалот во Германија.„Многу сум тажен. Фудбалот му беше се во животот“, изјави Канаваро, кој по совет на лекарите објави крај на кариерата. Канаваро е роден во Неапол каде и ја започна кариерата. Од Наполи во 1995 година се пресели во Парма, каде мина седум сезони и каде се избори за репрезентативниот дрес. Откако ја напушти Парма играше за Интер, Јувентус, Реал Мадрид, повторно Јувентус, а минатата сезона ја мина во Дубаи, во екипата на Ал Ахли. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.
Спорт
Капитенот на Реал го напушта клубот на крајот од сезоната
На капитенот на Реал, Начо Фернандез (34) му истекува договорот на крајот од сезоната. „Марка“ објави дека Начо го известил Флорентино Перез дека нема да потпише нов договор туку дека ќе го напушти клубот по истекот на постоечкиот.
Начо оваа сезона забележа 36 настапи и главно беше стартер, акумулирајќи 2497 минути на теренот. Сепак, тоа се должи на повредите на Давид Алаба, Едер Милитао и Антонио Ридигер.
Анчелоти претходно изјави дека случајот на Начо е идентичен со оној на Лука Модриќ и Тони Крос. Поточно, тој му порачал дека доколку како клупска легенда сака да потпише нов договор и да остане во Реал, може да го стори тоа. Очигледно тој решил поинаку.
Начо целата своја кариера е во Реал, со клубот освои 24 трофеи и одигра вкупно 348 натпревари, на кои постигна 16 гола, иако никогаш не беше прво име на одбраната.
Начо има 24 настапи и за шпанската репрезентација со која лани ја освои Лигата на нации. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на пет милиони евра.
Според медиумите, Начо, кариерата ќе ја продолжи во Серија А, наводно прв фаворит за неговиот потпис е Интер.