Спорт
УЕФА: Фенербахче и Трабзонспор можат во Лигата на шампионите
УЕФА нема против турскиот шампион и второпласираната кипа од ланското првенство Фенербахче и Трабзонспор да учествуваат во годинешниов циклус во Лигата на шампионите, и покрај тоа што водечките луѓе на двата клуба се обвинети за местење на резултати.
УЕФА нема против турскиот шампион и второпласираната кипа од ланското првенство Фенербахче и Трабзонспор да учествуваат во годинешниов циклус во Лигата на шампионите, и покрај тоа што водечките луѓе на двата клуба се обвинети за местење на резултати.УЕФА наведе дека станува збор за „сложен случај“, но дека според моменталните сознанија нема евидентно прекршување на правилата и статутот на европската фудбалска федерација што би ги спречило Фенербахче и Трабзонспор да се натпреваруваат во Лигата на шампионите. Од УЕФА соопштија дека на клубовите им следува казна доколку се докаже дека настапот во ЛШ го избориле со „манипулации или со местење на мечевите“.Во големата истрага во врска со аферата за местење на резултатите од фудбалските мечеви во турската прва и втора лига беа приведени повеќе од 50 лица, меѓу кои се и претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдерим, и претседателот на Трабзонспор, Садри Шенер. Двата клуба минатата сезона водеа мртва трка за титулата, а истанбулски Фенербахче стана првак со ист број бодови како и Трабзонспор но со подобра гол разлика. Најпопуларниот фудбалски клуб во Турција – Фенербахче, во Лигата на шампионите се пласира директно, додека Трабзонспор ќе учествува од 3-тото предколо.Турската полиција продолжува со приведување на осомничените за местење на резултатите, а меѓу челниците на Турската фудбалска федерација владее мислењето дека нема причина да се одложува почетокот на новото првенство./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.