Спорт
Две сребра и бронза за каратистите во Сараево
Македонските каратисти успешно го започнаа петтото по ред Европско универзитетско првенство кое се одржува во Сараево.
Македонските каратисти успешно го започнаа петтото по ред Европско универзитетско првенство кое се одржува во Сараево.Во конкуренција на 23 држави и 103 eвропски универзитети со повеќе од 350 каратисти, по првите два дена од почетокот на првенството нашите момчиња успеаја да се пласираат во финалето во најтешката дисциплина борби мажи во екипна конкуренција. Следниот ден Мери Радичевска во категоријата -50 кг жени успеа да го освои бронзениот медал.Остануваат уште натпреварите кои треба да се одржат денеска (недела, 24 јули.), на третиот ден од првенството.Нашите каратисти, студенти на скопскиот универзитет ,,св. Кирил и Методиј“, со три последователни победи успеаја да се пласираат во финалето и да го освојат сребрениот медал.Како што вели селекторот на македонските најдобри каратисти, Бошко Заборски, сите мечеви се исклучително тешки и напорни, бидејќи за противници нашите натпреварувачи се сретнуваат со најдобрите каратисти кои се и официјални репрезентативци на своите држави.За македонската екипа настапија Огнен Груевски, Мартин Несторовски, Иво Цветковски, Ферат Корбуличи, Вања Груевски, Спасо Илиевски и Стојан Тасевски. „Пред заминување во Сараево и за време на подготовките кои ги одржавме во Суто Море честопати помислував и посакував повторно да се најдеме во финалето или макар да освоиме и бронзен медал. Задоволен сум од постигнатиот резултат, имено по освоениот златен медал во оваа дисциплина на последното европско универзитетско првенство кое се одржа во Кордоба, со овој освоен втор по ред медал сега со сребрен сјај во најтешката дисциплина во екипна конкуренција борби за мажи, ние докажавме дека имаме правилен начин на работа и што е најважно, секако дека овој успех претставува уште една голема потврда на големиот талент со којшто располага оваа генерација на македонските каратисти. Се надевам дека ќе продолжиме и во иднина да работиме со исто темпо на работа и да постигнуваме врвни спортски резултати.“, рече Заборски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.