Спорт
Подготовките од Словенија продолжуваат во Италија
Најдобриот кошаркарски состав на Македонија го заврши пријателскиот Примус куп во Словенија на второто место, откако денеска ја победи Полска со 66-57.
Најдобриот кошаркарски состав на Македонија го заврши пријателскиот Примус куп во Словенија на второто место, откако денеска ја победи Полска со 66-57.По вчерашниот пораз од Словенија, денеска тимот на Марин Докузовски повторно одигра максимално посветено и паметно ги користеше сите предности во однос на инаку квалитетниот противник. Полска играше без најдобриот поединец, Марсин Гортат, но и во Македонија недостасуваа двајца исклучително важни играчи, Тодор Гечевски и Лестер Мекејлеб. Нашиот најдобар состав, слично како во мечот со Словенија, покажа храброст, желба, мотивација и одлична соработка во организација на играта на двата краја од теренот.Играта под кошевите беше наша силна страна, Предраг Самарџиски и Перо Антиќ доминираа во двата рекети и искомбинираа 25 поени. Селекторот Докузовски пред почетокот на турнирот во Птуј потенцираше дека резултатите се во втор план, а по двете средби видливо е дека формата на тимот се движи според планот.Подготовките на Македонија уште од денес продолжуваат во Бормио (Италија). Во наредните денови нашите најдобри кошаркари ќе одработат камп во кој ќе одиграат уште еден пријателски турнир против Италија, Бугарија и Канада. Целта е формата и натпреварувачкиот ритам да се подигнат на уште повисоко ниво и полека да го достигнуваат максимумот предвиден за време на „Екс-ју“ турнирот пред стартот на ЕП во Литванија. На подготовките во Италија, се очекува на тимот да се приклучат и Гечевски и Мекејлеб за комплетирање на составот.крај/КФМ/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.