Спорт
Фабрегас конечно во Барселона
Шпанскиот фудбалски репрезентативен Цеск Фабрегас (24) конечно стана член на европскиот шампион Барселона, каде што како дете ја започна својата фудбалска кариера.
Шпанскиот фудбалски репрезентативен Цеск Фабрегас (24) конечно стана член на европскиот шампион Барселона, каде што како дете ја започна својата фудбалска кариера.Фабрегас денеска потпиша петгодишен договор со каталонскиот клуб, кој на Арсенал ќе треба да му исплати обештетување од 29 милиони евра.Топџиите, според договорот, ќе добијат и дополнителни пет милиони евра, доколку Барса во следните пет години, биде најмалку два пати шампион на Шпанија и еднаш на Европа.Барселона веќе одреди обештетување за својата нова ѕвезда. Доколку некој друг клуб сега посака да го има Фабрегас во своите редови, ќе мора да одвои неверојатни 200 милиони евра.По извршените лекарски прегледи и потпишувањето на договорот, Фабрегас излезе пред фановите на Ноу Камп, носејќи го дресот со број четири.Со ова заврши една од најдолги фудбалски приказни, бидејќи еден од најдобрите играчи за врска во светот, сакаше уште пред две години да премине во Барселона, но Арсенал за тоа не сакаше ниту да слушне.Се чинеше дека и оваа година нема да има ништо од овој трансфер, но пресуди огромната желба на Фабрегас да го напушти Лондон и да се врати во својот матичен клуб, кој го напушти на 16 години.„Многу долго го чекав овој момент. Во Арсенал минав осум извонредни години, но живеев за моментот кога повторно ќе го облечам дресот на Барселона“, изјави Фабрегас, кој во Арсенал одигра 303 натпревари, постигна 57 голови, а имаше и 100 асистенции.Фабрегас во изминатите пет сезони на своите соиграчи им создаде дури 466 изгледни шанси за гол, што е најмногу во премиер лигата.„Нема никој пат да заборавам што се’ за мене стори Арсен Венгер. Тој за секогаш ќе ми остане втор татко. Уште еднаш му благодарам на се’“, рече Фабрегас.Тој е уверен дека нема да има проблеми да се вклопи во новата средина, бидејќи со повеќето од половина играчи добро се познава, а со Меси и Пике има играно од 13 годишна возраст. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.