Контакт

Спорт

Евробаскет: Македонија и натаму гази

Објавено пред

Македонија – Словенија 68:59. Шеста победа на македонските кошаркари во серија која во ниеден момент не беше оспорена ниту од фаворизираните Словенци (20:16; 19: 15; 15:11 и 14:17) кои во водство беа само во 3. трета минута од втората четвртина.

dobivaj vesti na viber

Македонија – Словенија 68:59. Шеста победа на македонските кошаркари во серија која во ниеден момент не беше оспорена ниту од фаворизираните Словенци (20:16; 19: 15; 15:11 и 14:17) кои во водство беа само во 3. трета минута од втората четвртина.Македонија со големата победа извојувана во супериорна игра над кошаркарската селекција на Словенија во недела ќе играат за првото место во Групата Ф против репрезентацијата на Русија. Но без разлика на тој резултат, македонските кошаркари во четвртфиналето ќе избегнат дуел со Шпанија, како последен европски шампион или со Франција, еден од главните фаворите на шампионатот во Литванија, екипи кои досега на првенството покажаа најдопадливи игри.

Вечерва во Вилнус пред македонските спротски суперхерои падна и фаворизираната Словенија, која досега не знаеше за пораз во средбите со  македонските кошаркарски селекции.

Ако досега можеше да смета дека успехот на македонските кошаркари се должи и на евентуалното потценување од страна на противниците, на мечот со Словенија беше очигледна зрелата игра и решеноста со истрајност да се дојде до победата. Исто така, забележливо е дека и Словенците вечерва сериозно му пријдоа на мечот со Македонците, но исто така евидентен беше стравот од нивнтие вечерашни противници.

По добиенот прво полувреме со осум поени разлика, на почетокот од второто, благодарејќи на досудената техничка грешка за нашиот капитен Перо Антиќ, а веднаш потоа и фаулот на Гечевски, придонесоа  нашите најдобри скокачи на првенството многу рано да заработат по три лични грешки, што ќе бара реорганизација во играта во одбраната. За среќа и Словенците веќе солидно зафатени од стравувањето прават многу грешки во нападот, па Македонија до средината на третата четвртина го одржува водството со кое се замина на полувремето. Искусниот стратег на клупата на Словенците, Божидар Маљковиќ, во 26 минута од натпреварот се најде во многу непријатна ситуација, кога неговиот најрасположен за игра денеска кошаркар Горан Драгич, го заработи четвртиот фаул а Македонија оди на плус 12 поени, нависоко водство на денешниот меч. Истовремено и Докузовски е на маки, бидејќи Гечевски добива повреда на десната рака, и на негово место во игра влегува Чековски. Македонија во овој дел од натпреварот форсира игра во противничкиот рекет, што не носи посебен резултат, повторно благодарејќи на грешките на словенечките кошаркари. Предноста ја носат и седумте украдени топки на Македонците во одбраната, додека до овој период од играта противникот има далеку повеќе загубени топки во нападот 13. Така на крајот од третата четвртина, Македонија ја зголемува предноста од полувремето и заминува на кусата пауза со предност од 54:42.По неполни три минути игра во четвртата четвртина, Македонија го има најголемото водство на мечот од плус 17. Кога во следниот напад Словенците во контранапад останувајќи тројца против еден не реализираа ткн зицер а згора на тоа веднаш направија фаул за да го спречат контранападот на Македонците, се чини  дека на пет минути до крајот не смее да се испушти сигурното водство. Македонските кошаркари, кај кои се чувствува помалку и заморот, дозволуваат на три минути до крајот противникот на намали на 12 поени разлики во наша полза. Тоа е период на долги напади на македонските кошаркари не без реализација ниту од под кошот, ниту од за ударите од поле, па Словенците намалуваат на 9 поени  на малку повеќе од две минути до крајот на мечот. Докузовски зема тајмаут на минута и 15 секунди до крајот кога Словенија прави серија од 11:0 , и намалува на само шест поени разлика. Се чини задоцнета реакција, којашто може да доведе до ситуација од готово вересија. Но Војдан Стојановски во вистински момент постигнува тројка, а Горан Драгич во против напад прави грешка во чекори и веднаш потоа ја направи својата петта лична грешка и од игра излегува најпрецизниот играч во противничкиот тим со постигнати 20 поени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига

Објавено пред

На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).

dobivaj vesti na viber

„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.

Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.

Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.

Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот

Објавено пред

Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.

Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.

Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија

Објавено пред

Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.

Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.

Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.

Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија6 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија6 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија6 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија11 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија11 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија12 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија15 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија17 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет17 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет18 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија18 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија18 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет18 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет19 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет19 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...