Спорт
Поранешна југословенска кошаркарска велесила Македонија
Без ниту една НБА-ѕвезда и со само неколку интернационалци, кошаркарите на Македонија им одржаа вистинска лекција на своите колеги од земјите од некогашна СФР Југославија за тоа како се сака својата држава и како се игра во дресот со национални обележја
Македонија во моментов е убедливо најдобрата кошаркарска нација од просторот на поранешна СФР Југославија, која во времето на своето постоење важеше за една од најголемите велесили во светот на играта со портокаловата топка.
Таков заклучок може да се изведе од постигнатите резултати во досегашниот дел од Европското првенство (ЕП), кое се одржува во Литванија, а на кое првпат во историјата учествуваа селекции од сите држави што произлегоа од некогашниот кошаркарски гигант.
Македонската репрезентација е единствената од некогаш братските републики што успеа да избори пласман меѓу четирите најдобри во Европа, иако апсолутно никој не им даваше шанси за тоа. Хероите предводени од селекторот Марин Докузовски на крајот ќе остварат подобар пласман дури и од една Србија, убедливо најтрофејната селекција од овие простори, каде што, барем до неодамна, за македонската кошарка се зборуваше со максимално потценување. По вчерашниот пораз од Грција, српските кошаркари денеска, против Словенија (17 ч.), ќе се борат за седмата позиција на Евробаскетот, додека жолто-црвените утре (17 ч.) ќе се обидат да направат уште една сензација и дојдат до бронзениот медал на ЕП, што значи дека не можат да бидат полошо пласирани од четвртата позиција. Кошаркарите на Хрватска, БиХ и на Црна Гора, пак, ќе се обидат што е можно побрзо да го заборават литванскиот континентален собир, со оглед на нивниот катастрофален учинок и елиминација уште по првата фаза од ЕП.
Ова е исклучително голем успех за македонските кошаркари, со оглед на тоа што далеку зад себе оставија исклучително силни и во европски рамки респектабилни тимови. Без ниту една НБА-ѕвезда, за разлика од речиси сите други селекции, и со само неколку играчи што можат да се пофалат со респектабилна интернационална кариера, жолто-црвените им одржаа вистинска лекција на своите колеги од поранешните братски републики за тоа како се сака својата држава и како се игра во дресот со национални обележја. Во Литванија, од земјите од поранешна СФРЈ, избраниците на Докузовски ја совладаа Хрватска, и тоа првпат во досегашната историја, како и селекциите на Словенија и на БиХ, а загубија несреќно по едно продолжение од Црна Гора, и тоа во првиот меч од континенталниот шампионат.
„Вие единствени во името на вашата држава имате директна поврзаност со поранешната држава. Затоа вие денеска сте најдобар репрезент на некогашната југословенска кошарка, која важеше за една од најреспектабилните во светот“, беше коментарот на еден босански новинар во прес-центарот во Каунас, кој алудираше на референцата Поранешна југословенска република Македонија, која постојано беше повторувана од официјалниот спикер во салите низ Литванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година
Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.
Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.
„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.
Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.
„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.
Спорт
Крај на сезоната за Де Јонг
Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид. Холанѓанецот во финишот на првото полувреме, со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.
Барселона ја потврди повредата на Де Јонг без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.
Каталонските медиуми објавија дека Холанѓанецот ќе отсуствува пет недели, што значи дека оваа сезона за него заврши.
Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.
Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.
Спорт
(Видео) Филаделфија за 30 секунди испушти +5 – Њујорк во серијата води со 2:0
Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.
На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.
На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.
Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.
Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.
Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.
Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.
Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.
Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.