Спорт
Петте европски фудбалски лиги во загуба
Петте водечки европски фудбалски лиги – Премиер Лига, Серија А, Бундес Лига, Примера и Лига 1 во сезоната 2009/10 оствариле загуба од 1,5 милијарди евра, оцени професорот по економија на универзитетот во Барселона, Хосе Марија Гај ди Лиебана за „Ел Мундо депортиво“.
Петте водечки европски фудбалски лиги – Премиер Лига, Серија А, Бундес Лига, Примера и Лига 1 во сезоната 2009/10 оствариле загуба од 1,5 милијарди евра, оцени професорот по економија на универзитетот во Барселона, Хосе Марија Гај ди Лиебана за „Ел Мундо депортиво“.Тој појаснува дека петте водечки европски лиги оствариле приход од 8,704 милијарди евра и трошок од 10,277 милијарди, што значи дека се во загуба од 1,573 милијарди.Само долгот на Примера, истакнува Лиебана, изнесува 3,479 милијарди евра, а на втората шпанска лига 556 милиони.„Оваа шпанска лига ниту е сериозна, ниту е транспарентна, нема клубови што поднеле сметки за поранешните работења“, рече Ди Лиебана, оценувајќи дека од сите клубови најдобра е финансиската состојба во Баерн и Арсенал.Тој како пример за „сомнително трошење на пари“ го издвојува Реал Мадрид, бидејќи „неговите сметки не се јасни и предизвикуваат сомнеж“.А како посебно нереално трошење и натплаќање во фудбалот го истакнува наводното купување на младиот Бразилец Нејмар.„Исто така не е јасно како може да се плаќаат 60 милиони евра за момче од 19 години“, заклучува професорот.Тој советува за подобра поделба на приходи од телевизиските права. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…