Спорт
Во англискиот Лига куп минаа Ливерпул, Челзи и Сити
Англиските премиерлигаши Ливерпул, Манчестер сити и Челзи во синоќешните натпревари остварија победи во третото коло од Лига купот.
Англиските премиерлигаши Ливерпул, Манчестер сити и Челзи во синоќешните натпревари остварија победи во третото коло од Лига купот.Ливерпул на гостувањето го совлада второлигашот Брајтон & Хов Албион со 2:1, а головите за „редсите“ ги постигнаа Грег Белами во 7 и Дирк Кајт во 81 минута, додека домашните го ублажија поразот од пенал во 90 минута преку Ешли Барнс.Манчестер сити со головите н аОвен Хергрејвс во 17 и Марио Балотели во 38 го совлада Бирмингем сити со 2:0.Челзи, пак, по изведување на пеналите беше подобар од Фулам. Мечот заврши без голови, иако лондонскит е„сини“ од 47 минута играа без исклученито Алекс, а две минути подоцна Пајтим Касами промаши пенал за Фулам. Челзи беше подобар за едно изведување на ударите од 11 метри, што за Фулам не успеа да го реализира Брајан Руиз.Резултати: Челзи – Фулам 4:3 на пенали (0:0)Кардиф сити Лечестер сити 7:6 на пенали (2:2) Манчестер сити – Бирмионгем сити 2:0Саутемптон (втора лига) – Престон Норт Енд (трета лига) 2:1Брајтон & Хов Албион (втора лига) – Ливерпул 1:2Алдершот таун (четврта лига) – Рочдејл (трета лига) 2:1Арсенал – Шревсбери таун (четврта лига) 3:1Астон вила – Болтон вандерерс 0:2Барнли (втора лига) – Милтон Кејнес Донс (трета лига) 2:1Лидс јунајтед (втора лига) – Манчестер јунајтед 0:3Вулверхемптон – Милвол (втора лига) 5:0Блекбурн роверс – Лејтон Ориент (втора лига) – 3:2Кристал палас -(втора лига) – Мидлсборо (втора лига) 2:1Нотингем форест (втора лига) – Никсал јунајтед 3:4 на продолжетоци (2:2)Сток сити – Тетенхем хотспур 7:6 на пенали (0:0)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.