Спорт
Барса убедлива, АПОЕЛ на Тричковски изненади
Во дербите на мечевите од Лигата на шампионите во средата навечер Валенсија и Челзи на „Местаља“ одигра 1:1, актуелниот европски шампион Барселона рутински го декласираше белоруски БАТЕ Борисов со 5:0
Во дербите на мечевите од Лигата на шампионите во средата навечер Валенсија и Челзи на „Местаља“ одигра 1:1, актуелниот европски шампион Барселона рутински го декласираше белоруски БАТЕ Борисов со 5:0, а А0ПОЕЛ благодарејќи на македонскиот интернационалец Ива Тричковски извади бод на гостувањето кај фаворизираниот Шахтјор. Англискиот претставник Челзи кај Валенсија поведе со голот на Франк Лампард во 56 минута, а по пропуштените одлични шанси за зголемување на водството, но одлучниот голман на домаќините Диего Алвеш со осум интервенции спречи катастрофа на „лилјаците“ . Валенсија изедначи со голот на Роберто Солдадо во 87 минута, по несфатливата грешка на Калу кој без никаква потреба одигра со рака во својот шеснаесетник. Во ситата Група Е од Лигата на шампионите, Баер на домашен терен во Леверкузен го совлада Расинг Генк со 2:0, со головите на на Ларс Бендер во 20 и Миахаел Балак во судиското дополнување.Во Групата Е по двете кола води Челзи со 4, Баер има 3, Валенсија 2 а Генк 1 бод. Во следното коло кое се игра на 19-ти октомври се среќаваат Челзи – Расинг Генк и Баер Леверкузен – Валенсија.Во Групата Ф, лондонски Арсенал на „Емирати “ со 2:1 го совлада грчки Олимпијакос, „Топчиите“ поведоа преки Алекс Оксладе-Чембрлејн во 8 и Андреа Сантош во 20 минута, но во 27 минута намали Давид Фустлер, што беше и конечен резултат на мечот. Во вториот меч од оваа група Олимпик Марсеј на својот „Велодром“ беше сигурен со 3:0 против актуелниот германски шампион Борусија Дотрмунд. Стрелци беа Андре Ајев во 20 и 69 од пенал, и Лоа Реми во 62 минута. Во оваа група во водство е Олимпик Марсеј со максимални 6 бодови, следи Арсенал со 4, Борусија има 1 бода додека Олимпијакос е без бодови. На 19-ти октомври се игра дербито Олимпик -Марсеј – Арсенал а во вториот меч се среќаваат Олимпијакос – Борусија Дортмунд. Во Групата Г, кипарскиот АПОЕЛ предизвика фаворитот Шахтјор по поразот во првото коло од Порто да доживее уште едно големо разочарување. Во Доњецк кипарскиот претставник поведе во 61 минута со убавиот гол на Иван Тричковски, а во 64 минута домашните изедначија преки Жадсон. Во вториот меч од истата група Зенит во Санк Петербург го декласираше Порто со 3:1., иако Португалците поведоа уште во 10 минута преку Родригез. Меѓутоа, Русите преку Шороков во 19 и 62 и Дани во 71 минута направија целосен пресврт, во што им помогна и исклучувањето на Фусил во последната минута од првото полувреме. Во оваа група во водство е изненадувањето АПОЕЛ со 4 бодови, Зенит и Пото имаат по 3 а Шахтјор само 1 бод. На 19-ти октомври се среќаваат Шахјор – Зенит и Порто – АПОЕЛ Никозија. Групата Х синоќа не се случија изненадувања. Барселона со 5:0 на гостувањето го совлада БАТЕ Борисов, додека Милан со доволни 2:0 беше сигурен во Милано против Викторија Плзен. За Барса головите ги постигнаа Володко автогол во 19, Педро во 22, Меси во 38 и 55 и Виља во 89 минута. На „Сан Сиро“ росонерите дури во второто полувреме во 53 минута од пенал преки Златан Ибрахимовиќ и во 67 минута преку Антонио Касано успеаја да ги разбијат гостите од Плзен. Во Групата Х во водство се Барселона и Милан со по 4 бодови, додека Викторија и БАТЕ Борисов имаат по 1 бод. На 19-ти октомври играат Барселона – Викторија Плзен и Милан – БАТЕ Борисов./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Заврши сезоната за Енцо Фернандес
Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, ја заврши сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“. Според овој извор на Фернадес ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.
Поранешниот фудбалер на Ривер Плејт и Бенфика, извесно време се жалеше на болки, но сепак играше. Постоеше опција лекувањето да се одложи до лето, но по консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација тој одлучи веднаш да биде опериран.
Планот е Фернандес да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.
Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челзи – неубедливи и нестабилни.
Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за „сините“.
Спорт
Ла Лига од следната година ќе се игра во САД
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, даде неколку интересни коментари во интервју за „Експансион“. Тамошната јавност најмногу ја коментира изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид. Овој факт е познат одамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Тебас го откри овој детал коментирајќи ја приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.
Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе и по малку шокантна вест за сите љубители на традиционалниот фудбал. Имено, од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.
Тоа значи дека веќе следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американска почва.
„САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат“, рече Тебас.
Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.