Спорт
Брајант речиси нов член на Болоња
Ѕвездата на американската кошаркарска лига НБА, Коби Брајнт е речиси нов играч на италијанскиот клуб Виртус Болоња, кој ќе плати над три милиони долари за десетина натпревари на Брајант во овој клуб.
Ѕвездата на американската кошаркарска лига НБА, Коби Брајнт е речиси нов играч на италијанскиот клуб Виртус Болоња, кој ќе плати над три милиони долари за десетина натпревари на Брајант во овој клуб.Претседателот на Виртус Болоња, Клаудио Сабатини соопшти дека Брајант веќе е „95 отсто“ член на Болоња до завршувањето на лок-аутот во НБА лигата.„Мораме сеуште да преговараме, постојат уште неколку детали кои што треба да се договорат, но сметам дека работата 95 отсто е готова“, изјави Сабатини по синоќешните преговори со Брајант.Во договорот би стоела осдредба со која на Брајант ќе му биде дозволено да се врати во САД во случај на прекин на лок-аутот. Во тој случај петкратниот освојувач на шампионскиот прстен би заработил нат три милиони долари за десетина натпревари.Кобе дел од своето детство го има минато во Италија, каде што неговиот татко Џо Брајант играл кошарка за неколку италијански клубови. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.