Спорт
Удинезе изби на врвот во Серија А
Фудбалерите на Удинезе со победата над Новара од 3:0, по осмото коло се искачија на првото место во првата италијанска фудбалска лига.
Фудбалерите на Удинезе со победата над Новара од 3:0, по осмото коло се искачија на првото место во првата италијанска фудбалска лига. Антониот Динатале постигна два гола во победата на Удинезе, во 33 и 48 минута, со што стигна до шест голови во оваа сезона и се искачи на првото место од листата на најдобрите стрелци. Еднаш, во 38 минута за домаќините беше прецизен Маурицио Домици.Со оваа победа Удинезе првпат по три години застанува на чело од Серија А. Последен пат тоа беше на 2-ри ноември 2008 година. За одбележување е што сезонава во седумте првенствени кола Удинезе прими само еден гол, наспроти 10-те постигнати.Новара, пак, како новак во првата лига се движи во рамките на очекуваното, и е на 17-то место со пет бодови. Рома на својот „Олимпико“ го совлада Палермо со 1:0, со голот постигнат уште во 6 минута од 19-годишниот аргентински фудбалер Ерик Ламела, кој летово додје од Ривер Палта. Со овие бодови римската „волчица“ се искачи на 6-то место со 11 бодови колку што има и 5-от Наполи кој денеска одигра без голови кај Каљари, како и 7-от МиланДо само втората победа оваа сезона стигнаа фудбалерите на Интер, кои на својот „Сан Сиро“ со голот на Тиаго Мота во 34 минута славеа неуврелива победа над Киево. Европските, италијански и светски клупски фудбалски прваци од пред две години, сега се на 16-то место во италијанската лига со освоени седум бодови. „Летечките магариња“ од Верона, пак, се на 13-та позиција со девет бодови.На дното закованата без ниеден бод Чезена, очекувано беше поразена на гостувањето кај Сиена. Двата гола за домаќините ги постигнаа Гонзалез во 9 и Салаио во 53 минута. Сиена е 11-та со девет бодови. Во дуелот за бегство од опасната зона, Аталанта со головите на Моралез во 54 и 57 минута како гостин ја совлада Парма за која стрелец беше Валдез во 80 минута. Парма остана на 14-то место со девет бодови, но сега на само бод помалку и веднаш зад неа и’ се доближи Аталанта.Во последниот неделен натпревар од 7-то коло во Серија А, Лацио како гостин извојува сигурна победа од 2:0 против Болоња. Римските „бјанкочелести“ славеа со автоголот на Аквафреска во 23 и погодокот на Лулич во 48 минута, со што со 14 бодови, бод помалку од водечкиот Удинезе се искачија на второто место на табелата. Болоња има забележано една победа и е претпоследна со четири бодови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн преку Арсенал до полуфиналето во ЛШ
Баерн Минхен ќе игра во полуфиналето, во Лигата на шампионите, откако во реваншот го победи Арсенал со 1:0. Првиот натпревар на „Емирати“, во Лондон, заврши 2:2.
Важноста на натпреварот, иницираше тактичка брба од двете страни. Арсенал беа малку поофанзивни во привот дел, Баерн шансите ги бараше преку контранападите. Со исклучок на ударот на Мартинели во првото полувреме немаше ниту една шанса
Баерн беше тој кој прв се закани во вториот дел. Во еден напад два пати се тресеше рамката на голот на Арсенал. Најпрвин Горецка ја погоди гредата,а поттоа Гереиро биеше во стативата.
Арсенал имаа среќа во оваа ситуација, но среќата ги напушти во 64.минута кога центрашутот на Гереиро, Кимих од 11 метри со глава го совлада Раја.
До крајот Тухел со измените што ги направи добро ги затвори приодите кон голот на Ноер и Баерн успеа да ја одбрани победата.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.
Спорт
Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА
Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер, доживотно е суспендиран од НБА лигата поради коцкање.
Челниците на НБА одлучија дека тој повеќе не може да се натпреварува во најдобрата кошаркарска лига во светот.
Така на неславен начин ја заврши кариерата. Џонтеј е брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
По аферата која изби во изминатите два месеци, пронајдени се непобитни докази дека Портер се коцкал обложувајќи се на себе.
За комесарот на лигата Адам Силвер немаше дилема, тој мораше да ја донесе оваа одлука.
Според правилата на НБА, секој играч кој ќе се обложи со пари или ќе вложи било каква вредност на натпревар или настан организиран од лигата или Развојната лига може да се соочи со казни од комесарот на лигата Адам Силвер.
Портер, кој е брат на Мајкл Портер од Денвер, во 26 натпревари имаше просек од 4,4 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.