Спорт
Македонија пресилна и за Франција
Во фантастична атмосфера во неделата навечер во Велес пред повеќе од три илјади гледачи македонската футсал репрезентација ја совлада Франција со 3-1 во рамките на квалификациите за следното СП 2012.
Во фантастична атмосфера во неделата навечер во Велес пред повеќе од три илјади гледачи македонската футсал репрезентација ја совлада Франција со 3-1 во рамките на квалификациите за следното СП 2012.
Натпреварот беше извонредно драматичен а нашата селекција прва го отвори резултатот со погодокот на Ранготов во 3 минута. Следуваше израмнување преку Аигун во 13-тата минута по што се разви голема битка на половината на Франција.Иако на Македонија и” беше доволен и нерешен резултат сепак нашите репрезентативци играа офанзивно и со голема желба за победа. Во тие моменти селекторот Скендеровски повлече одлични тактички потези со внесување на 5-ти играч и со головите на Љубомир и Ранготов го скршивме отпорот на големиот противник забележувајчи убедлива победа на крајот од 3-1.„Ова беше навистина извонреден меч, кој ни донесе многу радост и нам и на бројните гледачи во салата „Гемиџии“ бидејќи да се совлада една Франција во фудбалот не е мала работа. Игравме добро, и покажавме карактер во сите делови од играта. Противникот покажа респект и видовте играше на нерешен резултат за да обезбеди сигурен пласман во следната рунда. Со овој успех потврдивме дека имаме добра екипа која на следниот турнир од елитната квалификациска рунда ќе собере дополнително искуство кое ќе ни биде значајно за следните квалификации за ЕП каде очекувам конечно да дојдеме до целта и да бидеме првата македонска фудбалска селекција која ќе игра на голем настан. Им благодарам на играчите на залагањето и на велешката публика за поддршката“, истакна истакна селекторот Скендеровски. Да потсетиме Македонија обезбеди три победи на овој турнир совладувајќи ги Црна Гора, Швајцарија и Франција. Македонија е прва со 9 бодови, Франција има 6 а Црна Гора која во последното коло ја совлада Швајцарија со 9-0 гоосвои третото место. Македонија во следната квалификациска рунда ќе игра во Азербејџан со домаќинот, Украина и Хрватска./крај/ли/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.