Спорт
Дефинитивно улична трка од Формула 1 во Њујорк
Од 2103 година во американската сојузна држава Њу Џерси ќе се одржува трка од светското првенство за формила 1, Големата награда на Америка, објави денеска гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.
Од 2103 година во американската сојузна држава Њу Џерси ќе се одржува трка од светското првенство за формила 1, Големата награда на Америка, објави денеска гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.Трката ќе се вози по улиците на Њујорк, а дел од љубителите на Формила 1 сметаат дека таа ќе ја засени и легендарната трка во Монте Карло. Патеката ќе биде поставена крај брегот на реката Хадсон низ регионот на Вихејвкен и Западен Њујорк, за да облакодерите на Менхетен прават спектакуларна заднина, а двете подрачја спаѓаат во државата Њу Џерси.Гувернерот Кристи најави дека организацијата на трката нема да користи јавни финансиски средства, додавајќи дека овој настан ќе привлече повеќе од 100 илјади гледачи.„Среќен сум што можам да потврдам дека Њу Џерси ќе биде домаќин на трка од Формула 1. Според нашите процени, покрај патеката која ќе биде долга околу пет километри, очекуваме повеќе од сто илјади посетители“, изјави Кристи. САД се без трка од Формула 1од 2007 година кога беше одржана последната трка во Индијанаполис. Следната година во календарот на светското првенство влегува трката во Остин во Тексас, а од 2013 година и во Њу Џерси, така што од 2013 година, САД би требало да имаат две трки од Формула 1 шампионатот.Освен во Индијанаполис, Формула 1 во САД се одржуваше и во Лонг Бич, Риверсајд, Лас Вегас, Воркинс Глен, Детроит, Далас и Феникс. /крај/афп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.