Спорт
Барса одвај до три, а Севиља до бод.
Во првите два меча од 9-то коло на шпанското фудбалско првенство, шампионот Барселона минимално го совлада новајлијата Гранада, додека Севиља која на „Камп Ноу“ саботата зема бод, на свој спасуваше бод на домашен терен со Расинг Сантандер.
Во првите два меча од 9-то коло на шпанското фудбалско првенство, шампионот Барселона минимално го совлада новајлијата Гранада, додека Севиља која на „Камп Ноу“ саботата зема бод, на свој спасуваше бод на домашен терен со Расинг Сантандер. Барселона привремено е повторно на чело на Примера, си 21 бод, еден повеќе од најголемото годинешно изненадување Леванте и два од најголемиот конкурент Реал Мадрид, но кои во среда навечер ќе ги одиграат своите натпревари од 9-то коло. Особено со нетрпение се очекува дуелот на мадридски „Сантјаго Бернабеу“ каде „кралевите“ го пречекува Виљареал кој имаше лош старт и е на 160-то место. Стрелец на единствениот гол за каталонците беше Чави во 33 минута од натпреварот од слободен удар. Гранада против шампионот се спротистави со груба игра, па на крајот нејзините фудбалери заработија седум жолти и два црвени картона, во 53 минута беше исклучен Роемро а во 90-та Бенитез. , Гранада остана на претпоследното 19-то место со пет бодови, колку што има и едно место пред него Реал Сантандер по гостинското реми јак Севиља. Севиља, остана непоразена во оваа сезона, како и Барселона и Леванте, благодарејќи на голот што во втората минута од судиското продолжение го постигна Ману. Истиот фудбалер во 37 минута го доведе домаќинот во водство, но следуваше пресврт во кој за шест минути гостите од Сантандер го преземаа водството, со головите на Ариел Нахуелплан во 62 и Жаиро во 68 минута.Со овој бод, Севиља остана засега на 4-то место со 17 бодови, а и’ се заканува Валенсија со 15 одови./крја/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.
Спорт
„Заминувам ако Алегри остане тренер“
Федерико Киеза (26) е подготвен да го напушти Јувентус. „Газета дело Спорт“, дури тврди дека италијанскиот репрезентативец им поставил ултиматум на клупските челници.
Енрико Киеза, сезонава не игра на вообичаеното ниво откако се опорави од тешката повреда.
Иако италијанскиот репрезентативец постигна скромни осум гола и две асистенции за неговите стандарди, Јувентус би сакал да го задржи, но се уште нема никаков напредок во преговорите.
Неговиот актуелен договор е до 2025 година, што значително го намалува просторот за маневрирање на клубот.
Киеза на лето би можел да влезе во последната година од договорот и тоа ќе биде последна шанса да клубот заработи од неговиот трансфер.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Киеза својот потенцијален останок во клубот го условува со ултиматум. Италијанскиот весник пишува дека Киеза на затворен состанок јасно им кажал на клупските челници дека сигурно ќе го напушти клубот доколку Масимилијано Алегри остане тренер и во следната сезона.
Сериозен интерес за Киеза покажа Рома, односно нејзниот тренер Даниеле Де Роси, кој ќе ја доби довербата да го предводи тимот и наредната сезона.
Спорт
Барселона подготвува мегатрансфер, го продава Араухо за 100 милиони евра
Барселона е подготвена да го продаде Роналд Араухо (25), објави каталонски „Спорт“. Овој извор наведува дека Барселона мора да заработи од трансфери на играчи во летниот преоден рок за да избегне финансиски проблеми и да ги исполни критериумите од финансискиот фер-плеј.
Уругвајскиот дефанзивец е еден од фудбалерите кои имаат најголема пазарна вредност. Раководството на Барселона смета дека од неговиот трансфер би можеле да заработат повеќе од 100 милиони евра.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра, а неговиот договор со Барселона истекува во јуни 2026 година.
Барселона смета, тврди „Спорт“, дека во суперталентот Пау Кубарси (17), има квалитетна дефанзивна опција. Доколку би го продале Араухо, Барселона би се обидела да донесе слободен играч кој би му бил партнер на Кубарси.
Араухо ја започна својата кариера во уругвајските клубови Рентистас и Бостон Ривер. Во 2018 година Барселона го донесе за речиси пет милиони евра, а оттогаш забележа 147 настапи, постигна осум гола. Со Барселона има освоено три трофеи.