Спорт
ФИФА договори продажба на телевизиските права од 215 до 2022-та
Светската фудбалска федерација (ФИФА) во четврток објави дека постигнала договор за продажба на телевизиските права за натпреварувањата што се одржуваат по нејзино покровителство од 2015 до 2022 година за пазарот на Северна Америка.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) во четврток објави дека постигнала договор за продажба на телевизиските права за натпреварувањата што се одржуваат по нејзино покровителство од 2015 до 2022 година за пазарот на Северна Америка. Двете најголеми натпреварувања коишто се одржуваат во овој период се светските фудбалски првенства во 2018 година и во 2022 година. Вкупната сума којашто ФИФА си ја обезбеди со продажба на телевизиските права за овој период изнесува 1,85 милијарди долари, вклучувајќи и го и подрачјето на САД, ФИ?ФА за американскиот пазар склучи договор со телевизиските мрежи Fox и Telemundo, како и со радио мрежата Futbol de Priemera .„ФИФА е пресреќна од напредокот во продажбата на своите медиумски права, што имајќи ја предвид тешкиот економски период, само ја потврдува силата и привлечноста на нашите натпреварувања“, изјави генералниот секретар на светската фудбалска асоцијација, Жером Валке. Од минатото светско фудбалско првенство коешто се одржи во Јужноафриканската Република во 2010 година, ФИФА заработи 2,4 милијарди долари со продажба на телевизиските права но низ целиот свет.Во пакетот за натпреварувањата до 2015 до 2022 година, спаѓаат мундијалите во Русија и во Катар, како и светските првенства во женска конкуренција во 2015 и 2019 година./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тен Хаг задоволен по победата над Шефилд Јунајтед
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со пресврт слаеа со 4:2 против нјлошиот тим во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед на свој терен го пречекаа последно пласираниот Шефилд Јунајтед .
Славниот клуб двапати загуби, но на крајот успеа да победи. Тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, по натпреварот рече дека неговиот тим одиграл добар натпревар,
„Имавме целосна контрола! Извинете, јас на поинаков начин г гледав натпреварот. Да, имавме две грешки, затоа двапати губивме. Зборуваме за две негативности, концентрација и дисциплина. Но, во остатокот од натпреварот имавме целосна контрола. Тимот покажа издржливост. Не е лесно кога губиш, но успеавме да направиме пресврт против компактен тим. Ги надигравме, бевме многу мирни“, изјави Тен Хаг и додаде:
„Мораме да го запреме тој процес. Вакви грешки не смее да се прават на врвно ниво ако сакаш да постигнуваш цели, ако сакаш трофеи. Не смеете да дозволите вакви пропусти во концентрацијата и дисциплината, бидејќи животот е многу полесен без нив.“
Спорт
Заврши сезоната за Енцо Фернандес
Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, ја заврши сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“. Според овој извор на Фернадес ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.
Поранешниот фудбалер на Ривер Плејт и Бенфика, извесно време се жалеше на болки, но сепак играше. Постоеше опција лекувањето да се одложи до лето, но по консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација тој одлучи веднаш да биде опериран.
Планот е Фернандес да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.
Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челзи – неубедливи и нестабилни.
Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за „сините“.
Спорт
Ла Лига од следната година ќе се игра во САД
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, даде неколку интересни коментари во интервју за „Експансион“. Тамошната јавност најмногу ја коментира изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид. Овој факт е познат одамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Тебас го откри овој детал коментирајќи ја приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.
Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе и по малку шокантна вест за сите љубители на традиционалниот фудбал. Имено, од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.
Тоа значи дека веќе следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американска почва.
„САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат“, рече Тебас.
Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.