Спорт
Меси 6-ти а Роналдо 10-ти најдобар стрелец во историјата на ЛШ
Аргентинецот Лионел Меси и Португалецот Кристиано Роналдо и во дресовите на најлутите спортски противници шпанските фудбалски џинови Барселона односно Реал Мадрид ја продолжуваат битката за докажување кој е најдобриот фудбалер на светот во моментов.
Аргентинецот Лионел Меси и Португалецот Кристиано Роналдо и во дресовите на најлутите спортски противници шпанските фудбалски џинови Барселона односно Реал Мадрид ја продолжуваат битката за докажување кој е најдобриот фудбалер на светот во моментов.Во оваа трка двајцата уриваат многу рекорди во клупската историјата но и на меѓународните натпреварувања, а со последните погодоци седмицава трите на Меси кај Викториа Плзњен и двата на Роналдо кај Лион, продолжуваат да се искачуваат и на вечната табела на стрелците во Лигата на шампионите.Сега по четвртот коло од годинашните натпреварувања во најелитното фудбалско надигрување на стариот континент, Меси со 42 гола е на 6-то а Роналдо со 31 на 10-то место. Меѓутоа, кога ќе се имаат предвид последните мечеви од вторникот и средата, се забележува дека на рангирањето за најдобрите стрелци во Лигата на шампионите во сезоната 2011/12, силно напредува и напаѓачот на Баерн Минхен, Марио Гомез кој постигна хет-трик во дуелот со Наполи на македонскиот репрезентативец Горан Пандев во синоќешната победа од 3:2. Сега на врвот се изедначени Меси и Гомез со по 5 голови од 4 натпревари. Третиот гол против Наполи, беше 17-ти за Гомез со што го мина досега најдобро пласираниот германски фудбалер Михаел Балак кој во Лигата на шампионите има постигнато 16 голови. Првото место на стрелците во историјата на Лигата шампионите (поранешниот Куп на шампионите) убедливо го држи Раул Гонзалес со 71 гол од 142 меча, односно 0,5 голови по натпревар, а следуваат 2. Руд ван Нистелрој – 73/56 – 0,77; 3. Тиери Анри – 111/50 – 0,45; 4. Андреј Шевченко – 100/48 – 0,48; 5. Филипо Инзаги – 81/46 – 0,57; 6. Лионел Меси 61/42 – 0,69; 7. Алесандро Делпјеро – 89/42 – 0,47; 8. Дидие Дрогба – 67/33 – 0,49; 9. Фернандо Мориентес 93/33 – 0,35 и 10. Кристиано Роналдо – 74/31 – 0,42./крај/уефа/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.