Спорт
Многу работа за Шундовски во пресрет на Еуро 2012
Со настапот на „Бринг куп 2011“ македонската ракометна репрезентација во изминатите три дена го одработи првиот дел од подготовките пред настапот на Европското првенство, кое од 15-29 јануари следната година ќе се одржи во соседна Србија.
Со настапот на „Бринг куп 2011“ македонската ракометна репрезентација во изминатите три дена го одработи првиот дел од подготовките пред настапот на Европското првенство, кое од 15-29 јануари следната година ќе се одржи во соседна Србија.
Во конкуренција на домаќинот Норвешка, Португалија и Литванија, Македонија го освои второто место на турнирот забележувајќи две победи (против Португалија 29:25 и Литванија 31:30) и еден пораз (против Норвешка 26:33).
Резултатите кои ги постигнаа „црвено-жолтите“ ракометари ја отсликуваат моменталната ситуација во репрезентацијата, квалитативно Македонија е поквалитетна репрезентација од Португалија и Литванија, додека Норвешка која квалитативно не е ништо посилна од Македонија во овој момент е едноставно во подбра форма.
Она што треба да ги загрижи репрезентативците и нивниот селектор Звонко Шундовски се осцилациите во играта (во нападот, а особено во одбраната) кои беа видливи на сите натпревари на „Бринг куп 2011“.
Против Норвешка добри беа првите 15 минути, потоа домаќинот во целост ја имаше ситуацијата на теренот под своја контрола. Генерално добар беше мечот со Португалија, додека со Литванија, Лазаров и другарите одиграа одлично прво и подпросечно второ полувреме.
Време за да се корегираат работите до стартот на Еуро 2012 има, особено што пред патот во Норвешка и самиот селектор потенцира дека резултатите на турнирот ќе бидат во втор план. Главните подготовки, кога и ќе се темпира формата за настап на континенталниот собир, Шундовски со своите избраници ќе ги спроведат на две недели пред стартот на првенството.
Она на што селекторот ќе мора да обрне внимание се тактичките варијанти во нападот, Македонија во овој дел од играта премногу зависи од капитенот Кирил Лазаров, тој како и многу пати досега и во Норвешка беше нашиот најдобар и најефикасен играч. крај/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.