Контакт

Спорт

Шок во Ф1: Ферари се закани со заминување

Објавено пред

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеземоло им се закани на челните луѓе во Формула 1: „Менувајте ги правилата или Ферари заминува“.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеземоло им се закани на челните луѓе во Формула 1: „Менувајте ги правилата или Ферари заминува“. Како институција Скудерија Ферари е исклучително важна за Формула 1, но според изјавата на Монтеземоло за официјалната интернет страница на екипата, Ферари ќе продолжи да се натпреварува само доколку се сменат правилата. Според него аеродинамиката има преголема улога во Формула 1 што многу влијае врз Ферари и неговиот имиџ. „Формула 1 сé уште е нашиот живот, но без Ферари нема Формула 1, исто како што ни Ферари не би бил истиот без Формула 1. Ние сме многу трпеливи, но поставивме јасни услови под кои тимот ќе остане во натпреварувањето. Ние не се натпреваруваме само поради публицитетот, туку поради тоа што учеството во Светското првенство ни носи успешни истражувања за нашите патнички автомобили: механички компоненти, шасија, мотори, електроника, материјали и аеродинамика. Пренос на ваквите сознанија особено порасна во последните дваесет години“, вели претседателот на Ферари. Монтеземоло дополни дека „не е добро што 90 отсто работата на болидите е заснована на аеродинамиката, а втора негативна работа е тоа што ова е единствениот спорт во кој не се дозволени тестирања. Ние произведуваме автомобили, а не ракети, авиони или хеликоптери. Поради ова не сме во можност да им прожиме шанса во возачката академија на Ферари (Ferrari Driver Academy)“.  Монтеземоло ја повтори желбата Комисијата на Формула 1 да дозволи да снабдуваат други тимови со нивите болиди. „Идејата за трет болид ние ја поддржуваме не поради нас самите туку поради самиот спорт. Мислиме дека гледаноста би се зголемила кога на патеката би имале повеќе конкурентни болиди, а не такви кои доцнат неколку секунди по круг. Како пример ќе ја наведам 1961 година кога Џанкарло Багети победи на ГН на Франција со својот приватен Ферари. Токму за тоа се работи би било добро за некоја година да го видите нашиот болид во американски, кинески или тим од Абу Даби“. На крајот од неговата изјава за клупската интернет страница Монтеземоло не ја исклучи можноста Ферари да го напушти шампионатот, бидејќи како што вели „ние во Формула 1 не сме спонзори туку конструктори“. Ваквите изјави на Монтеземоло најверојатно се поттикнати од тешката и фрустрирачка сезона за тимот, Ферари сезонава е зад Ред Бул и Мекларен, а екипата забележа само една победа во првенството (Алонсо на ГН на Велика Британија). крај/ferari.com/dnevnik.hr/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.

dobivaj vesti na viber

Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.

Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.

Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата

Објавено пред

Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.

Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.

Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.

Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.

Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.

Прикажи повеќе...

Спорт

ФА го казни Компани

Објавено пред

Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

dobivaj vesti na viber

Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.

Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.

Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија11 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија11 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија12 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија12 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија13 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија14 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија14 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија15 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија15 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија15 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија15 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија16 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија16 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија18 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија20 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија21 час

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....