Спорт
Седлоски : Најдраг ми е голот посветен на Тоше
Гоце Седлоски, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, сега помошник на селекторот Џон Тошак, во Прилеп ја почна и таму ќе ја заврши интернационалната кариера.
Гоце Седлоски, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, сега помошник на селекторот Џон Тошак, во Прилеп ја почна и таму ќе ја заврши интернационалната кариера. На мечот против Албанија денеска во Прилеп ќе му биде доделено признание од УЕФА за одиграните 100 натпревари во дресот со националниот грб. „Секој играч сака да игра за својата репрезентација, а уште повеќе да ја достигне таа бројка. Ние сме мала репрезентација, која не успеа да избори пласман на големо натпреварување, така што сите тие мечеви се одиграни на квалификации и пријателски средби. За мене е голема чест што сум ги одиграл сите овие натпревари за Македонија, на сите тие сум играл со срце. Патував од Јапонија за да одиграм натпревар за Македонија, сум летал по 15 часа за да стигнам и да играм за репрезентацијата“, вели Седлоски. Во денешниот фудбал нема лесни и тешки натпревари, секој натпревар е важен и битен, смета Седлоски, кој посакува победа против Албанија.„Очекувам да има доста публика, а фудбалерите да им се оддолжат со триумф над Албанија. Како најдраги во моето сеќавање се секако натпреварите против Англија во Саутемптон (2-2) и на „Олд Трафорд“ (0-0), исто така и ремито 2-2 дома против Холандија и 0-0 во Амстердам. Најгоркиот пораз за мене лично беше оној против Русија 0-2 во Скопје, кога селектор беше Среќко Катанец“, се сеќава Седлоски. Долго време беше последниот бедем пред македонскиот гол, грижејќи се за сопствениот гол, но Седлоски во 100 меча за Македонија осум пати ги затресе противничките мрежи. Неговиот гол против Естонија во Талин, кој го добивме со 1-0, беше првиот гол на тие квалификации за ЕП 2008. „Посебно ми е драг голот на „Максимир“ против Хрватска. Седум години поминав таму и го познавав стадионот“, во шега вели Седлоски и додава „сепак најдрагиот гол за Македонија ми е оној на мечот со Андора (3-0), кој го одигравме по смртта на Тоше Проески. Тој погодок и таа победа му ја посветивме на нашиот најголем навивач“, вели Седлоски. Седлоски пред две години прекина да игра активно фудбал, работи како асистент во австрискиот прволигаш Матерсбруг, а сега дебитира и на македонската клупа. Како капитен не му успеа да ја одведе Македонија на големо натпреварување, а посакува она што не му успеа како капитен, да го оствари како дел од стручниот штаб. крај/ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.