Спорт
Мурињо ќе се обиде да го донесе Руни
Шпанскиот и британскиот печат пишува дека Реал Мадрид во летниот преоден рок подготвува сензационален трансфер. Жозе Мурињо на „Сантијаго Бернабе“ ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
Шпанскиот и британскиот печат пишува дека Реал Мадрид во летниот преоден рок подготвува сензационален трансфер. Жозе Мурињо на „Сантијаго Бернабе“ ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни. Според истите извори, Мурињо има поддршка од претседателот на клубот Флорентино Перез, а наводно, против трансферот не е ниту Руни. Реал е подготвен за трансферот да издвои 60 милиони евра, инаку „кралскиот клуб“ пред две години на Јунајтед за Кристијано Роналдо му плати 94 милиони евра. Роналдо и Руни шест сезони беа соиграчи во Манчестер Јунајтед и на „Олд Трафорд“ заедно донесоа девет трофеји. Доколку трансферот на Руни биде реализиран, тоа ќе биде петиот најголем трансфер на сите времиња, на врвот е трансферот на Роналдо во Реал за 94 милиони евра, „кралскиот клуб“ во 2001 година на Јувентус за услугите на Зинедин Зидан му плати 86 милиони евра, додека Барселона пред две години за Ибрахимовиќ на Интер му плати 72 милиони евра. Повеќе од 60 милиони евра изнесуваше трансферот на Кака во Реал, во 2009 година. Милан за Вразилецот заработи 68 милиони евра. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.