Спорт
Марсеј во Монпење, Лион го чека Рен
Натпреварот помеѓу Монпеље и Олимпик Марсеј е дерби дуелот, кој ќе се одигра во раммките на 14. коло, во фудбалското првенство на Франција.
Натпреварот помеѓу Монпеље и Олимпик Марсеј е дерби дуелот, кој ќе се одигра во раммките на 14. коло, во фудбалското првенство на Франција. Дербито ќе се одигра утревечер, во терминот од 21 часот, во натпреварот Монпеље влегува од втората позиција, додека Марсеј конечно ја најде вистинската форма, екипата на Дидие Дешамп има три победи во низа, и е без пораз на последните пет средби. Оваа натпреварувачка рунда во Франција, вечерва ќе биде отворена со две интересни средби. На „Жерлан“, во Лион, домаќинот ќе го пречека Рен, Лион има три порази и две победи во последните пет натпревари, Рен, кој сезонава игра многу подобро на гостински терен, на последните загуби на два од последните пет натпревари. Во вториот натпревар актуелниот првак Лил ќе гостува во Тулуз. Лил е во добра серија, на последните пет средби во првенството нема пораз (три победи и две нерешени), додека Тулуз има само една победа во последните пет средби. Комплетни двојки:Петок, 18. ноември:Лион-РенТулуз-ЛилСабота, 19. ноември:Ажаксио-КаенДижон-БордоЕвијан-ЛориенНица-Сент ЕтиернМонпење-МарсејНедела, 20. ноември:Брест-СошоВаленсиен-ОксерПСЖ-Нанси. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роча обвинет за корупција
Портпаролот на Владата на Шпанија објави дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија (ФСШ), Педро Роче е обвинет за корупција. Роче во август минатата година го наследи разрешениот Луис Рубиалес.
Претседателот на Вишиот совет за спорт, Хозе Мануел Родригез Урибес, на парламентарно сослушување изјави дека го свикал состанокот на комисијата откако спортскиот трибунал отворил случај против Педро Роча и раководството на федерацијата за сериозни обвинувања за корупција во Фудбалскиот сојуз на Шпанија и, како што наведе, недолично однесување.
„Ќе ги преземеме сите мерки за да и го вратиме на угледот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија“, изјави Урибес.
Роча, беше вршител на должноста претседател на бил в. г. претседател на ФСШ и се надеваше дека ќе биде трајно именуван во текот на следниот месец, но наместо тоа може да заврши во затвор.
Националниот сојуз се обидува да сврти нова страница по споменатиот скандал, но се чини дека и нема крај на приказната која многумина во оваа земја ја сметаат за срамна.
Истрагата против Рубиалес и неговите соработници започна во јуни 2020 година, а поттик беше спорниот договор за десетгодишната организација на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, во кој учествуваше и компанијата „Космос“, на поранешниот фудбалер на Барселона, Џерар Пике.
Едноставно кажано, се шпекулираше дека Рубиалес и другите, меѓу кои и Пике, неовластено ставале пари во свои џебови наместо во касата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Роча беше потпретседател и шеф на финансискиот комитет кога ФСШ го потпиша тој договор, па логично е тој да се најде на списокот на осомничени, можное да биде обвинет за финансиска измама.
Поради скандалот што го тресе Фудбалскиот сојуз на Шпанија, загрозена е позицијата на Шпанија како организатор на СП 2030 година заедно со Португалија и Мароко.
Спорт
Гвардиола: Во кој било друг спорт ќе победевме
Пенал рулетот им пресуди на фудбалерите на Манчестер сити. Актуелните европски шампиони испаднаа од Реал во четвртфиналето во Лигата на шампионите. По 3:3 во Мадирд, реваншот во Манчестер заврши 1:1. Пенал серијата Реал ја доби со 4:3, Едерсон го одбрани пеналот на Мордиќ, а потоа Лунин ги надмудри Силва и Ковачиќ.
Манчестер сити не успеа да го добие натпреварот во кој имаше 67 отсто од поседот на топката, 33 удари кон голот (девет во рамките) и 18 корнери.
Разбирливо е дека тренерот Пеп Гвардиола беше фрустриран во своите изјави.
„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме. Не жалиме за ништо што направивме, одигравме одлично на сите делови од теренот, но за жал не победивме. Создадовме шанси да одиме понатаму, но фудбалот важно е да постигнувате голови. Јохан Кројф велеш дека среќата не постои. Се согласувам со него. Ваквиот пораз боли. Покажавме дека можеме да играме против Реал. Што друго можевме да направиме? Немам што повеќе да кажам?”, изјави Гвардиола.
Слично размислува и играчот од средниот ред на Сити, Родри: „Искрено, вечерва играше само еден тим“.
Спорт
Елиминацијата на Арсенал го однесе Салцбург на клупскиот Мундијал во 2025
Фудбалерите на Салцбург се последните претставници на Европа на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи летото 2025 година во Соединетите Американски Држави, соопшти Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Шампионот на Австрија се пласираше на клупскиот Мундијал, благодарение на елиминацијата на Арсенал од Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Светското клупско првенство за прв пат ќе се одржи во нов формат, со 32 клуба, следната година во САД од 15 јуни до 13 јули.
Засега се познати 24 клубови учесници, а остануваат уште осум места. Познати се и имињата на сите 12 клубови кои ќе ја претставуваат Европа.
Покрај Салцбург тоа се Реал и Атлетико, Манчестер сити и Челзи, Баерн и Борусија Дортмунд, Пари Сен Жермен, Интер и Јувентус, Порто и Бенфика.
🚨 OFFICIAL: Arsenal are out of the Clubs’ World Cup after tonight.
🇦🇹 RB Salzburg access to the World Cup.
🏴 Manchester City, Chelsea.
🇪🇸 Real Madrid, Atlético Madrid.
🇩🇪 Bayern, Borussia Dortmund.
🇫🇷 Paris Saint-Germain.
🇮🇹 Inter, Juventus.
🇵🇹 Benfica, Porto.
🇦🇹 Salzburg. pic.twitter.com/I8ljDZCQTN— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 17, 2024
Азија ќе ја претставуваат Урава, Ал Хилал и Улсан.
Од Јужна Америка местото засега го обезбедија бразилските клубови Палмеирас, Фламенго и Флуминенсе. Од Северна и Централна Америка на првенството ќе играат мексиканските клубови Монтереј и Леон и американскиот Сиетл.
Египетскиот Ал Ахли и мароканскиот Видад се претставници на Африка. Океанија во Америка ќе ја претставува новозеландскиот Окленд Сити.
Останатите осум места ќе ги заземат три клуба од Јужна Америка, два од Африка и по еден од Азија, Северна и Централна Америка и Соединетите Американски Држави.