Контакт

Спорт

АПОЕЛ и Базел „IN“, Јунајтед и Сити „OUT“

Објавено пред

АПОЕЛ и Базел, секако се најпријатните изненадувања во Лигата на шампиони, за разлика од кипарскиот и швајцарскиот тим, гигантите од Манчестер, Јунајтед и Сити се разочарувањата во елитното фудбалско натпреварување, во сезоната 2011/2012.

dobivaj vesti na viber

АПОЕЛ и Базел, секако се најпријатните изненадувања во Лигата на шампиони, за разлика од кипарскиот и швајцарскиот тим, гигантите од Манчестер, Јунајтед и Сити се разочарувањата во елитното фудбалско натпреварување, во сезоната 2011/2012. Кипраните, кои поради Иван Тричковски (најдобар странски фудбалер на Кипар), со внимание беа следени и во Македонија, покажаа дека тактички и физички добро подготвена екипа може да му се спротивстави на секого. АПОЕЛ успеа да мине и да заврши како прв во една тешка група, со трофејни екипи во неа: Порто поранешен европски првак, освојувач на Купот на УЕФА и Лига Европа, пехарот во Купот на УЕФА во своите витрини го имаат и екипите од истокот на Европа, Зенит, односно Шахтјор. Тричковски даде значаен придонес во успешниот европски од на АПОЕЛ, напаѓачот е човек од доверба на тренерот Иван Јовановиќ, од максималните 540 минути, Тричко одигра 534. Репрезентативецот на Македонија во шестте одиграни натпревари постигна еден гол. Приказна која долго ќе се раскажува во фудбалска Европа е и Базел. Швајцарците во голем стил, преку големиот Манчестер Јунајтед се изборија за влез во нокаут фазата. Екипата во која главни звезди се ветераните Марко Штрелер и Александер Фрај до максимум ги искористи понудените шанси за да стигне до историскиот успех.Од друга страна Манчестер Јунајтед ќе го памети овој неуспех, „црвените ѓаволи“ по само трет пат во своето 17-то учество во Лигата на шампиони не успеаја да ја минат првата фаза. Јунајтед влегува во негативната статистика и како прва екипа која била финалист, а во следната сезона не успеала да ја мине фазата по групи. И додека сер Фергусон се теши дека тимот по разочарувањата стално излегувал посилен, неговите критичари во следните денови сигурно нема да мируваат. Утеха на Фергусон може да му биде учеството во Лига Европа, затоа што во својата богата ризница на титули му недостасува овој пехар. Прашање е дали сер Алекс може да се задоволи со ова и прашање е дали Шкотланѓанецот уште во јануарскиот преоден рок ќе започне со реновирање на тимот. Јасно е дека Рио Фердинанд ќе биде продаден, исто како што не е јасно зошто Фергусон го заборави својот најдобар стрелец во минатата сезона, Димитар Бербатов, особено кога се покажува дека „црвените ѓаволи“ се премногу стерилни во нападот. Проблемите за Фергусон да бидат поголеми се „погрижи“ Немања Видиќ, капитенот, за кого исто така се шпекулира дека ќе биде продаден, против Базел го повреди коленото, прегледите покажаа дека му следува четири месечна пауза. Разочарување, и тоа големо, има и на спротивниот крај од Манчестер, во онаа половина чии навивачи ја сакаат сината боја. Пребогатиот Сити, екипа која толку моќно делува во Премиер лигата, екипа која на градскиот ривал во дербито со леснотија му испорача шест гола, не успеа да ја мине конкуренцијата во А групата, поточно Баерн Минхен и Наполи. Сити својата шанса ја испушти против Наполи, во двомечот со италијанскиот тим „граѓаните“ освоија само еден бод. Дел од составот на Наполи беше и Горан Пандев, но капитенот на македонската фудбалска репрезентација доби скромна минутажа од тренерот Валтер Мацари. Пандев одигра пет натпревари, не постигна гол, а на теренот мина само 54 минути. Менаџерот на Сити, Роберто Манчини им се извини на навивачите за елиминацијата, но на армијата фанови сигурно дека извинувањето и нема да им биде некаква утеха. Сити ќе се насочи кон Премиер лигата, двата домашни купа и секако Лига Европа, прашање е што катарските сопственици ќе побараат од Манчини. И додека екипите од Манчестер се разочарувања, хрватскиот шампион Динамо е вистинската катастрофа во Лигата на шампиони. Шест натпревари, ниту еден освоен бод и гол разлика од 3:22, ги направија „мофрите“ најлоша екипа во историјата на елитното натпреварување. Хрватските медиуми тешко се мират со она што им го сервираа фудбалерите на Динамо, дури се споменува дека мечот со Лион бил „чуден“,  дека со регуларноста на овој натпревар може да се позанимава УЕФА, истото го побара и тренерот на Ајакс Франк де Бур.И да не заборавиме, само три тима без пораз ги завршија натпреварите по групи: Реал, Барселона и Бенфика. Реал единствен имаше максимален учинок, шест од шест, Барса одигра еднаш нерешено, додека Бенфика три пати победи и три пати одигра нерешено. Како сега стојат работите нема да биде изненадување доколку шпанските великани Барселона и Реал се сретнат во финалето на 19 мај. /крај/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач

Објавено пред

Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.

dobivaj vesti na viber

Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.

На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.

На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.

Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Објавено пред

Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.

Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.

Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Покетино: Лукаку е играч на Челси

Објавено пред

Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.

dobivaj vesti na viber

Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.

За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.

„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.

Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија2 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија4 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија6 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија7 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија8 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет9 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија9 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет9 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија9 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет10 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија23 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...